Дали може да се добие посакуваната насмевка по безболен пат?

Прашавме стручњак

Честопати се вели дека првото нешто што го забележуваме кај луѓето е нивната облека, но во реалноста првото нешто што луѓето го забележуваат е вашата насмевка.

Ништо не е поубаво од здрава и блескава насмевка. Иако секој не е роден со совршена насмевка, со наша помош лесно може да дојде до неа. Со помош на современите материјали и техники на работа, се овозможува брза и безболна интервенција.

Затоа, ако подолг период сте ја избегнувале посетата на стоматолог, сега е вистинското време да нè посетите, притоа без да се плашите од болката.

Забите се сензитивни повеќе во текот на зимските месеци: мит или вистина?

Вистина! Покрај верување дека забите се поосетливи во текот на зимата, одредени навики, како преагресивно четкање, консумирање многу топли напивки и засладена храна, како и сезонските заболувања (настинка, грип и воспалени синуси) доведуваат до оштетување на забната глеѓ и до повлекување на непцата, а со тоа и до нивна пресензитивност.

Но за да не дојде до овие несакани симптоми, влезете во зимата со санирани заби.

Дали има возрасна граница за исправување на забите?

Во ортодонцијата, како и во љубовта, годините се само бројка и ништо не е невозможно. Иако посетата на ортодонт често се поврзува со детската возраст, возраста не е пречка за ортодонтски третман. Напротив, во последно време имаме пациенти со многу ран ортодонтски третман, а се разбира и пациенти што се грижат за себе и сакаат да изгледаат беспрекорно, еднакво како и нивните внуци.

Зошто треба да се прави рендген-снимка на забите?

Генерално, во стоматолошката практика се користат два типа снимки, а тоа се ортопантомографска снимка, или попозната како панорамска снимка, и ретроалвеоларна, или мала снимка.

Со помош на снимките се дијагностицираат скриените кариеси, пародонталната болест, импактираните заби, коскените дефекти и патолошки состојби на забите и на коскеното ткиво.

Се препорачува контролните рендген-снимки да се прават на две-три години, за да се открие навреме секоја почетна промена во вашата уста.

Раната дијагностика заштедува многу непријатности, болка, време и пари.

Дали убавата насмевка и свежиот здив се достапни за секого?

Се разбира! Во пресрет на новогодишните празници им праќаме охрабрувачка порака на вашите читатели: посетувајте го вашиот стоматолог најмалку на шест месеци, грижите се за хигиената на устата беспрекорно и блескајте со бели заби и свеж здив во текот на целата година.

Сакајте се себеси и другите. Дозволете си вашите заби да ви бидат најдобар моден додаток.

Текст: Д-р Нина Митева од стоматолошката ординација „Д-р Нина“

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.