Дали е можно? Една петтина од мажите ја мијат својата интимна област само двапати неделно!

Во студија спроведена од веб-страницата што се занимава со нега на кожата, „The Derm Review“, 1.000 мажи одговориле на прашањето колку често се мијат „таму долу“.

Резултатите беа прилично шокантни и се покажа дека многу мажи не ги мијат гениталиите секој ден, па дури и секој втор ден.

Откриле дека една петтина од мажите ја мијат својата интимна област само двапати неделно, а некои дури и поретко. Истражувачите беа прилично изненадени од ова, бидејќи пенисот сепак треба да се мие секој ден.

Исто така, докажано е дека 21,6% од мажите ги мијат гениталиите на секои два дена, но понекогаш се случува да прескокнат неколку дена. Добрата вест е дека 39,7% од мажите сепак рекле дека мијат секој ден.

Сепак, имаше и такви кои мијат двапати на ден, 38,7%, но тоа може да биде проблематично.

„Неправилното миење може да доведе до непријатен мирис, но исто така е плодна почва за размножување на бактериите, што може да предизвика болка и воспаление. Сепак, кожата на гениталиите е многу чувствителна и ако се миете повеќе од еднаш на ден, може да предизвика иритација, сувост и чешање. Интимното подрачје треба да се измие со топла вода, а ако сакате, можете да користите нежен сапун или гел за туширање“, рече Ел МекЛеман, биохемичарка специјализирана за производи за нега на кожата.

Прочитајте и: Имунолог советува добро да го погледнете своето лице: Овие промени на кожата може да укажуваат на сериозни заболувања!

 

ФОТО: Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време