Дали е безбедно да пливате веднаш штом ќе се најадете? Еве што мислат експертите!

Здравје

Сигурно негде во вашето сеќавање постои реченица да не скокате во базен, езеро или море 30 минути после јадењето. Многумина пораснаа со овие зборови, но дали оваа теорија е точна?

Јадењето пред пливање може да биде опасно ако планирате да се занимавате со „тежок“ спорт, сепак ако планирате опуштено рекреативно пливање, не би требало да дојде до опасност од јаките грчеви, пренесува “HuffPost”.

Во случај да сте натпреварувачки пливач или планирате да пливате така што во вас предизвика напор, не почнувајте веднаш откако ќе се најадете.

„Јадењето на големите оброци, а потоа одењето на тежок тренинг или пливање, може да доведе до тегоби како мачнина или повраќање“, истакнува тренерот Џон Роудс.

Прејадувањето и консумирањето претерано зачинета или кисела храна може да предизвика грчеви во стомакот, дури и под нормални околности, така што оваа храна пред пливање избегнувајте ја.

Алкохолот, од друга страна, може да биде многу опасна кога се комбинира со пливање. Ја нарушува координацијата, расудувањето, рамнотежата, реакцијата на ладно и способноста за безбедно пливање.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.