Чудо од доктор: Неговите вежби лекуваат деменција и хипертензија!

Му ги враќаат виталноста и младоста на телото

Во Русија, доктор Александар Шишонин се смета за чудо од доктор, бидејќи развил низа вежби што го закрепнуваат старото и изнемоштено тело

Доктор Шишонин, кој работел во рехабилитациски центар низа години, развил сопствена техника која овозможува брзо заздравување на вратните пршлени. Благодарение на овој метод, многу луѓе излечиле хипертензија, компресија на артериите и нервните влакна, развој на деменција и слично.

Шишонин во овој сет вежби вклучил седум движења, за чие спроведување потребни се околу 30 минути.

1. Седење на столче. Грбот мора да биде исправен, но не и потпрен на столчето. Нозете мора да бидат поставени рамно, оддалечени во висина на рамената, спуштени на подот. Потпрете ја главата на едно рамо и задржете ја 40 секунди, а потоа на друго рамо, исто 40 секунди.

2. Истегнување на вратот. Седнете исправено на столче, а потоа ставете ги рацете на колена. Затегнете ги рамената наназад, а главата истегнете ја колку што можете повеќе кон таванот. Задржете се во таа положба околу 40 секунди.

3. Истегнете ја главата напред, така што брадата ќе ви биде паралелна на подот, а потоа притиснете ја на градите. Задржете ја оваа положба околу 40 секунди.

4. Замавнете со главата високо кон таванот. Задржете ја во таа положба околу 30 секунди.

5. Седнете исправено на столче, левата дланка ставете ја колено, десната рака свиткајте ја во лакотот, а дланката ставете ја на левото рамо. Лакотот треба да ви биде паралелен на подот. Свртете ја главата надесно и држете ја така 40 секунди. Повторете го сето ова и со другата рака.

6. Застанете исправено, нозете треба да ви бидат малку пошироко поставени од ширината на рамената. Исправете го грбот, затегнете ги нозете. Наведнете се напред со рамен ‘рбетен столб држејќи ги колената затегнати. Рацете ставете ги на колковите. Свртете ја главата на лева страна, задржете ја 40 секунди, а потоа на десна страна, па задржете ја 40 секунди. Грбот мора да ви биде постојано рамен.

7. Будење на пролетта. Седнете исправено на столче. Потоа, полека спуштајте ја главата на градите – тоа мора да трае 6-8 секунди. Полека вратете ја главата во почетната положба, па станете, не поместувајќи ги стапалата кои треба да ви стојат рамно за време на седењето.

Овие вежби се прават секој ден и секоја вежба се повторува 5 пати.

Најдобрите вежби за грбот: Ќе ви одземат само 5 минути дневно, а ќе ви ги отстранат болките засекогаш! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.