Чаша вода наутро на празен стомак е најмоќниот лек: Го забрзува метаболизмот, го стимулира варењето, ја намалува хроничната болка!

Има корисен ефект врз многу системи во телото

Важен е начинот на кој го започнуваме денот, затоа е важно да се усвојат некои ритуали кои ќе ја подобрат целокупната состојба на организмот. Консумирањето чаша топла вода на празен стомак има бројни здравствени придобивки, затоа нека биде првото нешто што ќе го направите откако ќе станете од кревет.

Помага при слабеење

Вистина е дека пиењето чаша млака вода наутро нема да го намали бројот што ќе го покажe вагата кога ќе застанете на неа, но овој ритуал го забрзува метаболизмот.

„Конзумирање топла вода дополнително го чисти дигестивниот систем и спречува надуеност и помага да се лачи вишокот течност во организмот“, тврдат нутриционистите.

Решава респираторни инфекции

Ако имате инфекција на грлото и синусите, практикувајте да пиете чаша млака вода наутро.

„Ако имате затнат нос, тоа помага да се исчистат и отворат дишните патишта бидејќи топлината ќе ја расчисти слузта побрзо. Температурата на течноста што ја пиеме исто така може да влијае на симптомите на настинка“, вели д-р Несочи Океке-Игбокве.

Влијае на здравјето на забите

Помалку е познато дека една чаша млака вода на празен стомак влијае на здравјето на забите, но експертите истакнуваат дека тоа е одличен ритуал.

„Некои бели пломби можат да се компресираат поради ладна вода и на тој начин да се одделат од забите“, вели таа и предупредува дека треба да водите сметка водата да не е премногу топла. Се препорачува да биде на собна температура.

Стимулира варење

Топла вода го стимулира протокот на крв во цревата и го подобрува варењето на храната.

Таа додава дека за разлика од ладната, топла вода хидрира побрзо. Во комбинација со храна, побрзо ги раствора маснотиите, што го олеснува варењето.

Ја намалува болката

Со топла вода се постигнува проток на крв во ткивата и им се овозможува на мускулите да се релаксираат, што ја намалува болката.

„Помага при секаква болка, од менструални грчеви до болки во зглобовите. Покрај тоа, ако пиете топла вода пред спиење, ќе заспиете побрзо и ќе бидете сити подолго, така што нема да се будите навечер за храна и кога ќе се разбудите, ќе бидете свежи“, вели д-р Петар.

Прочитајте и: Откриваме што е поздраво – варен или суров зеленчук

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.