Чајните мешавини ги „гланцаат“ крвните садови

Атеросклерозата е еден од главните виновници за тоа што интернистите и кардиолозите имаат полни раце работа. Олеснете си себеси, но и ним, така што ќе пиете билен чај.

Кога лекарот ми постави дијагноза атеросклероза, веднаш почнав да пијам чај од мешавина од тревки. Мешам еднакви делови иситнет сув корен од глуварче, пиреј и ајдучка трева. Една лажица од суровината прелевам со шолја зовриена вода, па оставам да отстои еден час. Потоа го цедам и еден месец пијам по половина шолја двапати дневно. Курата ја спроведувам трипати годишно“, раскажува Олга Колоколникова од Минск.

Коментира д-р Светлана Николаевна Силкова:

Денес постојат два ефикасни метода на лекување атеросклероза: терапија со специјални лекови и хируршко ширење на луменот на артериите. И, секако, алтернативни методи како поддршка. Меѓутоа, запаметете дека мешавините може да имаат контраиндикации и да бидат некомпатибилни со основната терапија. Затоа е задолжителна консултација со специјалист!

Што се однесува до рецептот од нашата читателка, основното дејство на оваа мешавина е да го подобри метаболизмот. Такви својства има и следниот одвар: помешајте две лажици иситнети суви листови од маточина и по една лажица листови од шумски јагоди и нане. Прелејте ги со половина литар зовриена вода, па оставете да отстојат 15–20 минути. Исцедете и пијте трипати дневно по половина шолја. Курата трае еден месец, потоа направете пауза од 14 дена, па повторете го сето тоа. Годишно спроведувајте три-четири кури.

Извор: Руски доктор

Фото: Shutterstock

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.