Aлергија и стрес: постои врска!

Фото: freestocks.org

Ретко кој знае дека понекогаш алергијата „буи“ по стрес или долга грижа. Тука нема ништо чудно: надразнувањето на нервниот систем доведува и до надразнување на други системи во организмот, а особено на имуниот. Доколку лицето успее да ја реорганизира својата внатрешна состојба, манифестацијата на алергиите ќе се намали или сосема ќе исчезне

Една од моите пациентки, Антонина Ивановна, се нашла во сложена конфликтна ситуација на работа и била изложена на неправедни напади од соработниците и од претпоставените. По извесно време, на жената ѝ се појавила алергија, која порано ја немала. Најпрво забележала неадекватна реакција на детергент, а потоа и на некои прехранбени производи. Потоа следувала алергија на убод од пчела. Притоа, пчелите почнале да ја касаат почесто отколку порано.

Наша прва задача беше ослободување од конфликтот. Најпрво Антонина отиде на боледување, а потоа на одмор. Се опуштила како што треба, размислила за сѐ и одлучила… да ја промени работата. Пациентката се смирила и воспоставила духовна рамнотежа. Нејзините алергиски реакции многу брзо почнале да слабеат, а потоа и комплетно исчезнале. Истото тоа се случило и со алергијата на пчели – едноставно исчезнала.

КАКО ДА СЕ ИЗБОРИТЕ СО СТРЕСОТ

*„Имитирање бегство од тигар“ – трчајте пет-десет минути со максимална брзина или правете склекови што побрзо.

*„Имитирање тепачка со тигар“ – исфрлете го стресот удирајќи во боксерска вреќа.

* Ден-два тишина: не смеете ни да читате, ни да гледате телевизија, ни да разговарате. Треба да шетате, да одморате и да уживате во животот.

* Седнете пред огледало и прераскажете му ја ситуацијата на својот одраз – до детаљ. Доколку го направите тоа правилно, ќе се појават емоции (солзи и сл.). Прераскажете го настанот од три до пет пати. Така проблемот ќе почне да губи од важноста, а вие ќе се смирите.

Подготвил за „Руски доктор“: Павел Валерјевич Евдокименко, психолог

Фото: freestocks.org

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време