Ако упорно сте негативни на коронавирус, а постојано сте опкружени со заразени: Можеби ѝ припаѓате на оваа ретка група на луѓе!

Обрнете внимание

Веројатно сте имале искуство да запознаете личност која упорно одбегнува да се зарази со коронавирус и покрај тоа што сите луѓе околу се заразени – еве зошто е тоа така

Научниците сметаат дека го пронашле одговорот на оваа енигма и дека постојат луѓе што се заразуваат со вирусот, но Т-клетките на имунолошкиот систем го отстрануваат во најраната фаза од заболувањето. Поради тоа ПЦР и тестовите за антитела кај тие луѓе секогаш покажуваат негативен резултат.

Се чини дека околу 15% од здравствените работници што ги следел системот во текот на првиот бран на пандемијата во Лондон спаѓаат во ова сценарио.

Т-клетки

Ова откритие би можело да отвори пат за нова генерација вакцини насочени на одговорот на Т-клетките, што би можело да создаде долготраен имунитет, откриваат научниците.

„Секој има приказна за луѓе што биле изложени на заразата, но не се инфицирале. Она што не го знаевме е дали тие луѓе навистина успеале да ја одбегнат заразата или телото им го отстранил вирусот пред да може да се открие со рутински тестови“, рекол имунологот Лео Свадлинг од универзитетот во Лондон.

Најновото истражување ги следело знаците на инфекција кај здравствените работници и нивниот имунолошки одговор за време на првиот бран на пандемијата. И покрај високиот ризик од изложеност, 58 учесници во ниту еден момент не биле позитивни на ковид-19.

Меѓутоа, анализата на нивните примероци од крвта покажала дека тие имале поголем број Т-клетки кои повеќе реагирале на ковид сега отколку пред пандемијата и во споредба со луѓето кои воопшто не биле изложени на вирусот. Исто така, имале зголемување на уште еден крвен показател на вирусна инфекција.

Истражувањето укажува на тоа дека одреден број луѓе имаат мемориски Т-клетки настанати по претходни инфекции со други сезонски коронавируси кои предизвикуваат настинки, што подоцна всушност ги заштитило од ковид-19.

Овие имунолошки клетки можат да ги препознаат протеините кај ковид-19, кои се заеднички со сезонските коронавируси и да овозможат многу брза заштита.

Вакцини што овозможуваат долготрајна заштита?

Резултатите од истражувањето се особено значајни, бидејќи Т-клетките на имунолошкиот систем имаат тенденција да овозможат долготраен имунитет, кој обично трае со години, за разлика од заштитата од неколку месеци што ја даваат развиените антитела.

Речиси сите постоечки вакцини против ковид-19 се базираат на создавање антитела против протеините со кои САРС-КоВ-2 влегува во нашите клетки. Иако овие антитела овозможуваат одлична заштита од потешки симптоми на болеста, имунитетот со текот на времето слабее. Дополнително, вакцините што се темелат на тој протеин можат со текот на времето да ја изгубат својата ефикасност, бидејќи познато е дека вирусот мутира.

Наспроти тоа, одговорот на Т-клетките е многу попостојан, бидејќи цели на внатрешна репликација која е заедничка за разни видови коронавирус – што значи дека вакцините кои се базираат на нивниот одговор веројатно даваат долготрајна заштита и штитат од нови соеви, а можеби дури и од потполно нови причинители на други заболувања.

По прележувањето коронавирус, никако не правете го ова: Оваа грешка може да ве чини живот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.