АКО сакате да имате здрави црева: МОРА да се придржувате до овие ЗЛАТНИ ПРАВИЛА!

СОВЕТУВАМЕ

Ограничете го внесот на шеќери и преработена храна

Во цревата се наоѓаат микроорганизми кои го чуваат здравјето на цревата, па заради тоа треба да го ограничите внесот на слатките работи и преработени намирници.

Со ограничување на внесот на овие намирници не ги храните патогените бактерии во телото кои предизвикуваат воспаление.

Добриот сон треба да ви биде приоритет

Студиите покажуваат дека неквалитетниот сон ја намалува способноста на телото да одржува здрави микробиоми.

Поради ненаспаност, бактериите во цревата произведуваат токсини во телото, а тоа предизвикува умор, проблеми со помнењето и различни воспалувања.

Освен тоа, 90 проценти од сетонинот, хормонот на среќа се лачи во цревата, а со неквалитетниот сон се намалува лачењето на овој хормон.

Фокусирајте се на храна богата со влакна

На здравите бактерии во цревата им се потребни влакната, се хранат со нив и создаваат антивоспалителни супстанции, а ова е исклучително важно за мозокот, цревата и имунолошкиот систем.

Со други зборови, треба да јадете овошје и зеленчук, јогурт и кефир.

Овие намирници помагаат во одржување на здравото ниво на пробиотици во цревата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.