7 животни навики за здраво срце

Срцевите болести, заедно со ракот на матката, се најчеста причина за предвремена смрт кај жените. И додека некои фактори, како што е генетиката, можат да ве направат склони кон срцеви заболувања, здравјето на срцето во голема мера зависи од начинот на живот. За да имате здраво срце, еве што треба да се промени во вашата дневна рутина.

„Начинот на живот е многу важен за здравјето на срцето, поважен од генетиката“, вели Холи Андерсен, кардиолог и вонреден професор по клиничка медицина во Њујоршката болница Презвитеријан, Медицинскиот центар Вејл Корнел. Над 80 проценти од кардиоваскуларните болести може да се спречат ако се грижиме за здравјето на срцето во дваесеттите, триесеттите и четириесеттите години.

Кои навики влијаат на здравјето на срцето?

Вежбајте повеќето денови од неделата

Американското здружение за срце (АХА) препорачува најмалку 150 минути вежбање неделно. Ако ова е премногу време за вашиот животен стил, заменете ги 150 умерени минути со 75 минути интензивна аеробна активност.

Одете на годишни прегледи

Годишни прегледи се препорачуваат со причина. Вашиот лекар може да провери дали имате симптоми на срцеви заболувања и да го следи крвниот притисок. Ако параметарот не е добар или укажува на промени – лекарот ќе го забележи тоа.

Обрнете внимание на ДАШ диетата 

Доколку сакате да знаете како да јадете, АХА и МедлајнПлус ја нарекуваат ДАШ диетата добра за здравјето на срцето. Оваа диета го намалува крвниот притисок и го намалува холестеролот и се базира на многу зеленчук, овошје и цели зрна и риба.

Намалете го стресот

Тоа понекогаш звучи невозможно, но ова е најважната задача. Стресот е сам по себе тежок за вашето срце, а исто така доведува до прејадување и неактивност. Со оглед на тоа дека сите во моментов сме под стрес и тешко е да се ослободиме од него, одвојте време за медитации и вежби за дишење и релаксација.

Намалете го тутунот

Повеќето луѓе сега се свесни дека пушењето е поврзано со сите видови на сериозни здравствени проблеми, но ова никогаш не е лошо да се повтори. Пушењето го зголемува крвниот притисок и влијае на срцето.

Алкохол само во посебни прилики

Иако некои истражувања сугерираат дека една чаша вино може да биде добра за срцето, ова сè уште не е сфатено како научен факт. За кардиолозите, алкохолот е токсин и тој мора да биде ограничен на посебни прилики и во умерени количини.

Спијте

Потребите за спиење на сите се различни, но сепак треба да одвоите седум до девет часа за спиење секој ден. Ако постојано спиете помалку, големи се шансите да му наштетите на вашето срце.

Прочитајте и: Болен секс може да укаже на дисфункција на карличниот под, препознајте го проблемот на време

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.