6 факти за најважната течност во нашиот организам – ЧУДЕСНАТА КРВ

Оваа сложена материја сè уште не е целосно проучена. Затоа и ден-денес нема нејзина полноправна вештачка замена

ФАКТ бр. 1

Крвта претставува вариетет на сврзувачкото ткиво. Повеќе од половина од нејзината содржина е плазма, сè друго е суспензија на нејзините структурни елементи: еритроцити (40%), леукоцити (1%) и тромбоцити (4%). Покрај тоа, постојат посебни клетки – фагоцити и антитела, кои претставуваат заштита од микроби.

ФАКТ бр. 2

Функцијата на крвта им е позната на сите: да го снабдува нашето тело со кислород и во исто време да го отстрани јаглерод диоксидот. Но не е сè толку едноставно. Тоа е само мал дел од нејзините „обврски“, кои, патем, ги извршуваат еритроцитите или црвените крвни зрнца. Тие се нарекуваат така поради присуството на протеин на хемоглобин во нив – тој ѝ ја дава црвената боја на крвта.

Има и бели крвни зрнца (леукоцити). Тие обезбедуваат имунолошка заштита од бактерии и вируси, габи и паразити, па дури и од сопствените дегенерирани (малигни) клетки.

Најмалиот структурен елемент на крвта, десет пати помал од еритроцитите, се нарекува тромбоцити (крвни плочки). Тие полека се движат по должината на ѕидовите на крвните садови, како постојано да ја „следат“ нивната состојба. При оштетување на крвниот сад, тромбоцитите се лепат меѓу себе, формирајќи чеп на местото на раната, па крвта не се излева надвор.

ФАКТ бр. 3

Познато е дека хиерархијата на крвните клетки е многупати посложена од мравјалникот. Сите клетки во крвта активно и континуирано комуницираат помеѓу себе, пренесуваат важни информации и создаваат единствена линија на однесување. Секоја клетка во крвта јасно ја знае својата задача и ја извршува.

ФАКТ бр. 4

Структурните елементе на крвта се карактеризираат и со различни животни циклуси: еритроцитите живеат околу четири месеци, тромбоцитите во просек од пет до девет дена, а леукоцитите од четири до осум часа во крвта што циркулира, но во ткивата тие живеат уште четири-пет дена. Повеќето од нив се формираат во коскената срцевина.

ФАКТ бр. 5

Крвта зафаќа речиси од шест до осум проценти од тежината на човекот. Тоа е во просек околу пет литри. Интересно е што мажите имаат во просек од пет до шест литри, а жените од четири до пет литри. Децата имаат повеќе крв: од осум до девет проценти од нивната вкупна тежина.

Таа се наоѓа во секој орган, со ретки исклучоци (на пример, нема крв во рожницата на окото, нејзината улога делумно ја играат солзите). Во мускулите и бубрезите има 50% од волуменот на крвта, во белите дробови 13%,  во црниот дроб 10%, во мозокот 8% и малку останува за крвните садови на срцето и цревата.

ФАКТ бр. 6

Количеството на структурните елементи во крвта е неверојатно: да речеме, во неа има 35 милијарди леукоцити. Ако ги наредиме сите во еден ред, ќе добиеме линија долга 525 километри – приближно на растојанието од Скопје до Нови Сад.

Тромбоцити има многу повеќе – 1.250 милијарди. Ако ги ставиме во низа, ќе добиеме 2.500 км или растојанието од Москва до Лондон (директна линија).

Шампиони по содржина во крвта се еритроцитите – 25.000 милијарди и со нив може четири пати да се заобиколи Земјината топка (тоа се 175.000 километри).

Ако ги наредиме крвните садови во линија, ќе добиеме околу 96.000 километри. Со нив би можеле да ја опфатиме Земјата „само“ два и пол пати.

Текст: Руски доктор

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.