6 безбедни начини за спречување на болести

Навики со кои ќе го зајакнете имунитетот и ќе спречите можни болести.

Здравјето е богатство – и тоа е факт. Кога сте здрави, сè е подобро. Сепак, што можете сами да направите за да спречите болест? Д -р Ирина Тодоров, зборуваше за ClevelandClinic.org и истакна шест начини за спречување на болести и начини да се грижите за себе за да живеете здрав и среќен живот. Се разбира, ова не се навики што се доволни да се држите неколку дена, но важно е да напредувате во мали чекори, да го зајакнете имунитетот и да спречите можни болести.

Иако сите веќе ги знаете овие ставки, вреди да се запамети.

1. Јадете здрава храна

Ова би значело обид да се избегне колку што е можно преработена и конзервирана храна, додека сè повеќе се стремиме кон домашни јадења подготвени со основни состојки. Една студија од 2019 година покажа дека потрошувачката на преработена храна го зголемува ризикот од смртност за 62%. Таквата храна не е воопшто здрава и дополнително предизвикува хронично воспаление и придонесува за срцеви заболувања, дијабетес и рак. Избегнувајте бел леб, колачи, чипс, житарици и инстант овесна каша. Секогаш добро читајте ги етикетите и посветете се на храна како овошје и зеленчук, грав, леќа, киноа, кафеав ориз и здрави масла.

2. Редовно проверувајте го крвниот притисок

Дури и ако немате крвен притисок, висок или низок, сепак треба да стекнете навика редовно да го проверувате. Особено ако имате проблеми со прекумерна тежина за да избегнете хипертензија и ризик од срцев удар и мозочен удар.

3. Внимавајте на шеќерот во крвта

За добро превентивно здравје, намалете ги слатките и десертите за да спречите дијабетес, што доведува до оштетување на срцето, бубрезите, очите и нервите. Покрај контролирањето, намалете или престанете да пушите и почнете да се движите повеќе.

4. Откажете се од пушењето

Ако сте пушач, веројатно нема друг начин да му помогнете на вашето здравје повеќе од откажувањето. Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) открија дека пушачите имаат поголема веројатност да развијат срцеви заболувања, разни видови на рак, мозочен удар… Дали ова не се доволни причини да се откажете?

5. Спијте добро

Спиењето е исклучително важна ставка за превенција на болести и има огромно влијание врз тоа како се чувствувате. Клучот за спиење е добра рутина на која треба да се придржувате секој ден и да избегнувате тешка храна и алкохол. Обидете се да избегнете користење мобилен телефон најмалку 2 часа пред спиење, туку слушајте музика или читајте книги. Нема да верувате колку позитивно ова ќе влијае на вас!

6. Вршете редовни здравствени прегледи

Тие се клучни за рано откривање на многу болести и за нивно поуспешно лекување.

Прочитајте и: Спречете артритис со правилен избор на намирници

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.