4 ситуации во кои не треба да пиете вода: Во телото ќе настане хаос
Обрнете внимание
Прочитајте кога не се препорачува да ја консумирате најздравата напивка на светот
Сите знаеме дека водата е неопходна за добро здравје, односно се препорачуваат 1,5 до 2 литри дневно.
Водата содржи 0 калории, а носи бројни придобивки за здравјето: го прочистува телото од токсини, ја подобрува дигестијата, хидрира и го чува здравјето на кожата.
Но, верувале или не, постојат ситуации во кои водата може да му наштети на организмот.
Откако добро ќе се најадете
Повеќето луѓе по обилниот ручек посегнуваат по чаша вода. Но тоа е погрешно! Во тој случај се јавува чувство на тежина во желудникот, надуеност, а може да се јави и болка во стомакот. Тоа е јасен знак дека нема повеќе место во него.
Веднаш по вежбање
Сте се вратиле од трчање или од вежбалница и чувствувате голема жед? Тоа е нормално! Телото дехидрирало со потењето, бидејќи изгубило течност, па нормално е да бара вода.
Но чаша вода сега не е добар избор. Ќе ви ја намали жедта, но треба да знаете дека обичната вода не може да го надомести сето тоа што го изгубило телото со зголеменото потење, како што е натриум и калиум.
Затоа, треба да ги надоместите електролитите. Можете да испиете кокосова вода или некоја посебно формулирана напивка.
Веќе сте испиле многу вода
Иако ретко се случува, можно е да испиете премногу вода и со тоа да го загрозите здравјето. Имено преголемата количина на испиена вода може да ја наруши рамнотежата на солта во телото, односно да предизвика недостиг на натриум.
Атлетичарите се добар пример. Кога за време на трката и по неа постојано пијат вода, клетките во телото набабруваат, па може да се јави главоболка, мачнина, повраќање, па дури и мозочен удар. Но за да дојде до тоа треба да имате испиено навистина многу литри вода.
Урината ви е проѕирна
Одењето во тоалет е добар показател дали пиете доволно вода. Ако е бледо жолта како лимонада, тоа е показател дека сте испиле доволно вода, токму онолку колку што треба. Ако забележите проѕирна урина, треба да забавите со консумирањето вода.