10 знаци дека тироидната жлезда ви го уништува телото: Ако ги забележите овие симптоми, веднаш одете на лекар!

Совети од стручњаци

Тироидната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во телото

Тироидната жлезда го лачи хормонот тироксин, кој е потребен за човечкиот раст и развој, а неговото зголемување или намалување може да предизвика големи проблеми во телото.

Неправилната работа на оваа жлезда стана прилично честа појава. Во продолжение ви откриваме неколку знаци дека таа не функционира правилно…

Ненадејно слабеење

Кога тироидната жлезда е хиперактивна, тежината многу брзо се намалува. Без разлика на тоа колку јадете, вашиот метаболизам ќе биде забрзан.

Абнормално дебелеење

Хипотиреозата или забавената работа на тироидната жлезда доведува до дебелеење. Го забавува метаболизмот, а тоа значи дека може ненадејно да се здебелите.

Болка во мускулите

Болката во мускулите е многу чест симптом на какво било хормонско нарушување.

Опаѓање на косата

Неправилната работа на оваа жлезда предизвикува опаѓање на косата. Тоа може да биде многу депресивно, особено за жените.

Нерегуларна менструација

Забрзаната или забавената работа на тироидната жлезда може да го наруши менструалниот циклус. Хипотиреозата доведува до прекумерно менструално крвавење, додека хипертиреозата предизвикува намалено крвавење. Може да се случи дури и да не добиете менструација.

Проширување на вратот

Тироидната жлезда се наоѓа во вратот и ако таа не функционира нормално, може да се случи да ви се појави оток на тој дел од телото.

Конфузија во главата

Неправилната работа на тироидната жлезда ги нарушува менталните способности – може да почнете да заборавате и да имате чувство на збрканост кога станува збор за времето и местото.

Депресија

Опаѓањето на косата, дебелеењето и хормонската неурамнотеженост се причините поради кои може да се појави депресија.

Топли бранови

Луѓето што имаат премногу активна тироидна жлезда не можат да толерираат топлина. Постојано обилно се потат по секаква физичка активност.

Проблеми со плодноста

Ако работата на тироидната жлезда е забрзана, може да се случи да имате проблеми со плодноста.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе