10 причини поради кои се чувствувате старо и се дебелеете

Овој текст е за вас ако...

Фото: Getty Images

Следен пат кога ќе ви каже лекарот: „Тоа е нормално, доаѓа со годините“, присетете се на ова што ќе го прочитате во овој текст кој нуди најнов поглед на прашањето како да не се чувствуваме старо и уморно на 30, 40, 50…

Овој текст е за вас ако често, без разлика на годините, се чувствувате уморно, болно и дебело.

Ако барем еднаш се имате запрашано зошто, како што старееме, стануваме поподложни на дебелеење, се чувствуваме уморно, чувствуваме болки (на пр. во грбот), страдаме од хронични болести како мигрена, нарушување на штитната жлезда, синдром на нервозни црева…

Овој текст е за вас затоа што објаснува дека ништо од тоа не е неизбежно дури и на многу посериозна возраст.

Всушност, сосема е возможно да останеме млади и витални, а нашиот ум јасен, прецизен и остар како нож доколку на организмот му го овозможиме она што му е потребно.

А што е тоа? Ништо комплицирано или скапо.

Фото: Getty Images

Правилна исхрана, доволно сон и физичка активност. Звучи едноставно, но проблемот е во тоа што многумина од нас не го прават тоа. Се случува да не разбереме што ни порачува организмот, па продолжуваме да јадеме погрешна храна, не спиеме доволно, не се движиме воопшто.

Преплавени со стрес, подлегнуваме на секојдневните притисоци, и од лекарот бараме рецепт за лек што ќе ни помогне да се чувствуваме подобро, не сфаќајќи дека во некои случаи лековите всушност можат да ја нарушат способноста на организмот за самоизлекување.

А на многумина од нас ни недостига и поддршка, заедништво кое е суштински важно за да бидеме задоволни од животот. Наместо тоа, прифаќаме дека стареењето всушност претставува и опаѓање, забавување…

Авторот на книгата „10 Reasons You Feel Old and Get Fat“ вели дека тоа е само мит:

Мислам дека постои ОГРОМНО недоразбирање врзано за стареењето.“

Какво недоразбирање? Кога веќе стасавме до ова прашање, вистинско време е да ја почнам приказната од почеток – и да ве запознаам со авторот.

Запомнете го неговото име

Д-р Френк Липман е експерт за функционална медицина,а негови пациенти, меѓу другите, се и Гвинет Палтроу и Меги Џиленхол. Овој прогресивен лекар од Њујорк верува дека повеќето знаци за стареење не се неминовни, иако сме убедени дека се.

Повторувам: НЕ се неминовни!

Имаме погрешни убедувања за стареењето. Кога ќе наполните 30 или 40 години, почнуваат да ви се јавуваат болки, проблеми, отоци, проблеми со помнењето, вишок телесна маса, па голем број лекари ќе ви кажат дека тоа е нормално на ваша возраст”, пишува д-р Липман.

За среќа, постои едно големо „но“.

Тоа нема врска со стареењето, станува збор за опаѓање на телесните функции. А по тој повод апсолутно можеме да преземеме нешто“, тврди тој и продолжува:

„Среќавам сè повеќе млади луѓе со интолеранција на јаглехидрати (кај кои инсулинот не функционира како што треба).

Пред 15-тина години, тој проблем се јавуваше кај возрасни групи од 40-50 години, а сега го гледам кај пациенти во 20-ти или 30-ти години. Доаѓаат во мојата ординација со автоимуни заболувања и проблеми со системот за варење, а сето тоа е поврзано со микробиомот.“

Со други зборови, за голем број од симптомите на стареење можат да се најдат причинители на кои можеме да влијаеме.

На пример, инфламација, т.е. хроничните воспалителни процеси, е значаен фактор што го забрзува стареењето, а неа ја предизвикуваат, меѓу другото, стресот и нетолерантноста на одредена храна, што повторно доведува до прашањето колку се грижиме за нашиот дигестивен систем.

Според д-р Липман, клучот за долговечност и за виталност е претежно растителна исхрана што се темели на принципот „не се сите калории исти“ (на пример, разликата меѓу 300 калории добиени од листен зеленчук и исто толку добиени од чоколаден кекс), надополнета со здрави маснотии, редовно вежбање, релаксација и доволно сон.

Несоодветната исхрана и лошиот животен стил можат да ја нарушат рамнотежата меѓу добрите и лошите бактерии што живеат во нашиот дигестивен тракт и да предизвикаат низа здравствени проблеми – од нарушено варење до алергии.

Што да преземеме за да го негуваме нашиот микробиом?

Треба да избегнуваме храна третирана со пестициди, хербициди и со други хемикалии, да стоиме настрана од брза и преработена храна, како и од конзерванси, засилувачи на вкусот и вештачки засладувачи.

Потребно е да консумираме органски одгледани намирници, а корисно е и секојдневно да внесуваме пробиотички суплемент, да јадеме ферментирана храна (кисела зелка, кефир, туршија), да ја збогатиме исхраната со пребиотици (намирници богати со влакна со кои се хранат добрите бактерии – домат, лук, кромид, рдокви, праз, аспарагус…), како и да вградиме филтер за вода на чешмата за да не пиеме вода со хлор (целта на неговото додавање е убивање на бактериите во водата, па тоа се случува и со оние во нашите црева).

НАШ ПРЕДЛОГ:

𝗘𝘀𝗲𝗻𝗕𝗮𝗸 𝗜𝗠𝗨𝗡𝗢 𝗗𝗜𝗚𝗘𝗦𝗧 е пробиотик кој содржи комбинација од 10 внимателно избрани пробиотички култури на лактобацили и бифидобактерии, кои во нивна соработка воспоставуваат рамнотежа на цревниот микробиом, го штитат дигестивниот систем и ја зајакнуваат одбраната на телото.
➡️ Исто така, добрите бактерии во EsenBak IMUNO DIGEST пробиотиците имаат корисни ефекти кога станува збор за алергии.
🔸 Се препорачуваат и за деца постари од шест години.⁠

10 причини поради кои се чувствувате старо и се дебелеете:

#1 Не се храните правилно и не внесувате доволно здрави маснотии.

#2 Јадете премногу јаглехидрати и скроб.

#3 Вашиот организам не добива доволно хранливи материи.

#4 Вашиот микробиом не е во рамнотежа.

#5 Хормоните ви се во нерамнотежа.

#6 Не се движите доволно.

#7 Постојано сте под стрес.

#8 Не спиете доволно.

#9 Земате премногу лекови.

#10 Ви недостига чувство на ентузијазам, цел и на заедништво.

Текст: Убавина и здравје, ПР

Фото: ПР, Getty Images 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.