Шунка, јогурт, бифтек, риба: Ова е менито на Кристијано Роналдо – има дури шест оброци дневно

Ја откри тајната на својот совршен изглед

Зад ѕвездата на Јувентус стојат долги години искуство и голем број натпревари, но тој не планира наскоро да запре со сето тоа.

Кристијано Роналдо продолжува да блеска во дресот на италијанскиот клуб, а како што самиот навел, смета дека токму сега влегува во најдобрите години од својот живот.

Во сето тоа покрај вежбањето многу му помага и исхраната, како и на секој спортист.

На многумина им е непознато дека овој Португалец во текот на денот има дури по шест оброци.

За појадок, тој се определува за сирење, шунка, јогурт со помалку проценти на маст. Интересно е дека тој нема ужина туку има два ручеци. Во првиот се наоѓа пилешка салата, додека, пак, во вториот се определува за туна со домат, варено јајце и маслинки.

Следи ужина во која јаде овошје или пак тост со авокадо, а за вечера се определува за исхрана со повеќе масни киселини.

Првата вечера: риба и салата, втора вечера бифтек, лигњи. Често комбинира и некои други видови риби како бакалар и во неговото мени нема место за алкохол.

Правилниот сон е навистина важен за постигнување максимум на тренинг. Рано легнувам во кревет и рано се будам особено кога имам натпревар. Кога имам слободен ден задолжително вклучувам и пет дремки во текот на денот“, рекол Роналдо.

Сепак тој најмногу сака да се опушта со своето семејство и приајтелите, како што вели “менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.