Сезона на дуњи: Еве што сè лечи оваа витаминска бомба

Најдобар есенски лек

Лековити се и плодот и листовите и семето, а особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта поволно делува на работата на цревата и ги спречува инфективните болести

Дуњата, овошјето на есента, е вистинска витаминска бомба. Освен минимално количествно на калории и масти, богата е со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и пектин.

Од витамини поседува најголемо количество на витамин Ц, но и големо количество на каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.

 Сокот од дуња сварен со исто количество на шеќери ја лечи кашлицата, астмата и акутната дијареа.

Печена или варена дуња се препорачува кај воспаленија на желудечната и цревната слузокожа, но и за лечење на анемија.

Чајот од цветовите на дуњата помага за смирување на кашлицата, а чајот од семки делува смирувачки, ја отстранува несоницата, како и непријатниот здив.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerhard (@stgirat.1)

Иако звучи необично, дуњите се одлична комбинација со печено месо, пилешко, месо од патка, јунешко и месо од дивеч. Французите со векови наназад изработуваат сирење од дуњи кое се подготвува така што два килограми дуњи се варат заедно со кората додека потполно да омекне. Кога ќе се изладат, се сечат на парчиња и се пасираат малку. Добиената маса се мери, за да се додаде соодветно количество на шеќер (на килограм и пол пире од дуњи се додава килограм шеќер). Потоа смесата повторно се вари на тивок оган околу 45 минути, со постојано мешање. Веднаш по варењето, сирењето од дуњи се става во одговарачко тавче, на пример плиток стаклен сад или помалку садови.

Кога ќе се излади, се сече на коцки, се наросува со шеќер во прав и се става на темно и суво место да стои.

Ова сирење е моќен извор на енергија, а може да се зима и како лек за подобрување на варењето. Не е препорачлив единствено за дијабетичарите и гојазните лица.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.