Се’ повеќе луѓе пријавуваат еден „задоцнет“ симптом на ковид-19: Најчесто се јавува кога се’ ќе помине!

Внимавајте!

Од самиот почеток на пандемијата, редовно се појавуваат нови информации за вирусот што често се контрадикторни.

Бидејќи здравствените работници и научници и понатаму истражуваат на кои начини вирусот може да се манифестира, не е ни чудно што и понатаму откриваат нови симптоми на истиот.

Коронавирусот има широк спектар на симптоми, а во последно време сè почесто кај пациентите се појавува и губење на косата.

Д-р Натали Ламберт во соработка со медицинскиот Универзитет во Индија, објави извештај за пациенти со синдром на долгорочен ковид-19.

Резултатите од ова истражување се пријавените искуства на луѓето што страдаат од долгорочни симптоми на ковид-19. Ова не е рецензирана студија“ – се напоменува во извештајот.

Извештајот опишува огромни ефекти од вирусот врз повеќе телесни системи, наведувајќи дека додека симптомите на белите дробови се добро препознатливи, постојат и многу други симптоми кои влијаат на другите органи и претставуваат голем здравствен проблем кај луѓето.

Покрај многуте други манифестации на овој вирус, еден од најчудните симптоми е губење на косата.

Докторите сметаат дека опаѓањето на косата е предизвикано од дерматолошки проблем кој што често се појавува кога организмот повеќе не е под голем стрес.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.