Жена открила што слушнала и доживеала додека била во кома: Не можете ни да си замислите поморничава исповед!

Морничаво!

Минатата година во јануари Кајли завршила во кома по силен напад на астма, а ова е нејзиното искуство

Кајли Франсис на Твитер го раскажала своето искуство од времето кога била во кома. Таа минатата година во јануари завршила во кома по силен напад на астма кој се претворил во воспаление на белите дробови.

„Бев во кома и мислев дека сум жива и дека си го живеам својот живот. Воопшто не знаев дека сум во кома. Мислам дека тоа е кај секого различно“, рекла Кајли откривајќи дека нејзината перцепција за стварноста била искривена.

Имено, таа мислела дека живее нормален живот, но дека е дел од култ. Дури и кога се разбудила од кома, мислела дека докторите и медицинските сестри се дел од култот.

„Кога се разбудив, мислев дека сум доживеала сообраќајна несреќа. Халуцинирав. Не беше воопшто смешно“, напишала таа.

Луѓето на Твитер ги интересирало дали слушала што се случува околу неа во болница.

„Не, ми пуштаа музика, разговараа со мене, а дечко ми секоја вечер ми читаше преку FaceTime. Но јас ништо од тоа не слушнав“, објаснила таа.

Открила дека најтешко ѝ било кога се разбудила од кома. Сакала да побегне, но не можела да оди.

„Ми требаа две недели за да почнам полека да одам. Сестрите ме хранеа. Беше страшно.“

@richierichhhhhhhhh Replying to @wobblywumpus46 #fyp #coma ♬ Made You Look – Meghan Trainor


Еден дечко на ТикТок го објаснил своето искуство. Тој бил два месеца во кома и открил дека чувството за време му било реално, но му се чинело дека бил во кома две милиони години. Не бил свесен дека се разбудил од кома, па мислел дека е мртов.

Лук „докажал“ дека е реинкарнација и неговата приказна е морничава: „Мамо, јас настрадав во пожар во 1993 година“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време