За да се опуштите и смирите, пред спиење испијте го ова: Го регулира крвниот притисок, ги смирува мозокот и душата!

Народен лек

Додека трае пандемијата на коронавирус, најважно е да останете смирени, редовно да спиете, да имате квалитетен сон и добра исхрана

Валеријана е билка што се смета за растителен седатив и анксиолитик. Нејзиното име доаѓа од латинскиот збор „валер“ што значи „да се биде силен“, „да се биде добро“.

Станува збор за билка што расте на влажните ливади во Европа и Азија. Уште од 15 век познато е дека нејзиниот цвет и коренот имаат смирувачки ефект на луѓето. Некогаш од валеријаната се приготвувале чаеви, а денес може да се набави и во форма на тинктура.

Освен што делува смирувачки на централниот нервен систем кај луѓето, се верува дека валеријаната ја регулира работата на срцето, го зголемува излачувањето на жолчката, го намалува грчењето на мускулите, а помага и за несоница. Во народната медицина се препорачува и при напад на мигрена, хроничен умор или како помош за одвикнување од пушење цигари.

Освен што во некои ситуации може да го намали крвниот притисок, нејзиното користење нема други посериозни несакани појави. Сепак, не треба да претерувате со валеријаната, а особено е важно да не се консумира во комбинација со други седативи и хипнотици.

Ако сакате да се опуштите, сварете чај од валеријана.

Состојки:
  • 2,5 грама сушен чај од валеријана
  • 250 мл врела вода
Приготвување:

Чајот од валеријана прелејте го со врела вода. Поклопете го и оставете го да отстои околу 15 минути. Исцедете го и полека испијте го чајот.

Предупредување:

Не се препорачува да пиете повеќе од три шолји чај од валеријана дневно. Безбеден е за консумација во период од 28 дена, потоа направете пауза.

Пробајте го и овој чај против грип.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.