Внимавајте: Ако ги забележите овие промени на ноктите, можеби сте во опасност!

Обрнете внимание!

Сината боја на ноктите укажува на проблеми со белите дробови или анемија, додека зелените нокти се знак за габична инфекција

Задебелувањето на заноктицата е карактеристично за дијабетес, а промената на обликот на ноктите може да укажува и на смртоносната болест – идиопатска белодробна фиброза.

Покрај промената на формата на ноктите, во случај на идиопатска белодробна фиброза се јавуваат и задебелени прсти.

На белодробни болести упатуваат и жолтите нокти. Тие се поврзани ис о нарушување на лимфната дренажа и ревматичен артритис. Но најчестите промени на ноктите се белите точки и линиите кои може да настанат поради труење, Хоџкинова болест или срцев застој. Но промените не мора да се опасни, а може да ги спречите со правилна исхрана.

„Недоволното внесување цинк може да доведе до појава на специфични бели дамки на ноктите“, откриваат експертите.

Цинкот е потребен за растење на клетките. Може да го најдете во производи како што се рибите, морските плодови, јајцата и семките. Спас за кршливи нокти се и омека-3 масните киселини.

Тие ги подмачкуваат ноктите и им даваат здрав сјај. За цврстина и еластичност на ноктите, збогатете ја исхраната со протеини што ги има во месото, рибите, сојата и целите зрна.

Појавата на вертикални линии на ноктите е знак на недостиг од железо, кое може да го внесете со консумирање црвено месо, риба и јајца.

Бели точки, дамки или линии

Може да се знак на недостиг на цинк или протеини во телото, срцеви болести, проблеми со црниот дроб и бубрезите.

Испукани, жолти или зелени нокти

Укажуваат на недостиг на витамин Е, лоша циркулација, затнати лимфи, проблеми со црниот дроб, дишењето, дијабетес, габична инфекција или пречесто лакирање.

Нокти кои лесно се виткаат

Ваквите нокти се знак на недостиг од железо, а укажуваат на проблеми со желудникот, цревата и штитната жлезда.

Нокти кои се виткаат на врвот на јагодицата

Укажуваат на проблеми со срцето и црниот дроб, проблеми со дишните патишта и недостиг на витамин Б12.

Нокти кои се премногу бледи

Укажуваат на недостиг на витамин Б12, лоша функција на црниот дроб, проблеми со бубрезите, анемија, недостиг на минерали или на премногу бакар.

Луѓето со лоша циркулација почесто имаат габична инфекција на ноктите

Габичната инфекција на ноктите најчесто се јавува кај луѓе постари од 30 години, а почеста е кај мажите одошто кај жените.

Може да се јави и кај дијабетичари, кај луѓе со ослабен имунитет, лоша циркулација или кај оние што имаат псоријаза на ноктите, но и кај луѓето со наследна склоност на развој на габични инфекции.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време