Витамини што го чуваат здравјето на жената: По 40-тите години, нивната примена е задолжителна!

Чувари на виталноста!

Фото: Pixabay

Овие витамини и минерали се одговорни за добрата состојба на организмот

Витамините и минералите му се неопходни на организмот во секоја животна доба, но по 40-тите години би требало редовно да ги користите за да го сочувате здравјето и да го спречите забрзаното стареење на кожата.

Овие 5 се најзаслужни за виталноста, убавината и доброто здравје…

Витамин Е, чувар на младоста

Ова е силен антиоксиданс, кој има исклучително позитивно влијание врз изгледот на кожата. Штити од негативното влијание на стресот, но и од негативните надворешни влијанија, па затоа кожата подолго останува младолика и без траги на умор. Ова е единствениот вид заштитна бариера помеѓу кожата и сите негативни работи што го нарушуваат нејзиниот изглед.

Освен тоа, витамин Е поволно дејствува и на менструалните тегоби, репродуктивните органи, но и го зајакнува имунитетот.

Витамин Д, надоместува за недостигот од сонце

Овој витамин ни го обезбедуваат сончевите зраци, а кога ги нема, внесувањето на витамин Д е неопходно. Тој директно влијае врз густината на коските и превенцијата на остеопороза, која особено е изразена кај жените. Освен тоа, ги штити мускулите и се бори против воспаленија.

Витамини Б комплекс, му обезбедуваат енергија на телото

Овој комплекс го сочинуваат осум витамини, а повеќето од нив влијаат врз зголемувањето на енергијата, доброто расположение, добриот сон и здравиот апетит. Во текот на бременоста, тие играат клучна улога. Силна коса, нокти и блескава кожа се резултатите од внесувањето на овој витамин.

Железо за сила

Овој минерал е посебно важен во репродуктивната фаза од животот на жената. Неговата клучна улога се крие во изградбата на црвени крвни зрнца, кои ги снабдуваат виталните органи и ткивата со кислород, а прв показател на недостиг од железо е постојаниот умор и недостиг на енергија.

Цинк за совршен тен

Позитивно влијае врз брзиот раст на косата и ноктите, а исто така е заслужен и за блескав тен. Многу проблеми на кожата, како акни, дерматитис, како и кршливи нокти со бели дамки, се последица од недостиг на цинк во организмот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.