Вистинско чудо од природата: Не постои подобар лек за снижување на притисокот и холестеролот од овој чај!

Еликсир на здравјето

Малкумина ги знаат сите лековити својства на овој чај

Чајот од зоб или чајот од овес се користи за ублажување на многу симптоми и неправедно е запоставен во лекување. Само мал број луѓе знаат за сите негови лековити својства.

Ова ситно зрно е богато со фитостероли – супстанции што ги прочистуваат крвните садови и спречуваат холестеролот да се апсорбира во телото. Зобот можете да го консумирате во форма на каша, но многу поедноставен начин е да направите чај.

Овој чај е одличен за зајакнување на здравјето на срцето и крвните садови и за намалување на ризикот од инфаркт и мозочен удар.

Овесот важи за многу моќно и благотворно средство за зајакнување на нервниот систем. Им се препорачува на оние што страдаат од несоница, психички замор, анксиозност и депресија.

Треварите им го препорачуваат дури и на луѓето заболени од мултиплекс склероза.

Ја регулира работата на желудникот, па им се препорачува на луѓе што имаат осетливи органи за варење.

Исто така, поседува својства што им помагаат на заболените од рак на дебело црево. Особено е делотворен во ублажувањето на несаканите последици што може да се јават во текот на радио и хемотерапија.

Микроелементите и флавоноидите со кои изобилува го зајакнуваат имунолошкиот систем и ја подобруваат крвната слика.

Во едно истражување во кое биле опфатени 1540 професионални спортисти од Австралија, било забележано дека секојдневната употреба на овес во исхраната придонесува за зголемување на мускулната маса.

Сите што страдаат од покачено ниво на холестерол во крвта и крвен притисок би требало да го вклучат овој чај во својата исхрана.

Но тоа не се сите негови позитивни својства. Чајот од овес им се препорачува на сите што страдаат од егзем, имаат осетлива кожа или чувствуваат интензивен јадеж.

Приготвување:

Пет лажици зоб потопете во литар ладна вода и загревајте ги полека до вриење. Оставете ги да вријат 5 минути, а потоа оставете ги да се оладат.

По желба, засладете го чајот со малку мед и консумирајте го во текот на денот наместо вода.

Најмоќниот чај на народната медицина: Кога ќе се подготви правилно, чајот од босилек помага при овие состојби! (РЕЦЕПТ)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.