Видлив симптом кој ви укажува дека имате покачен холестерол: Докторите предупредуваат на оваа појава

Здравје

Веројатно не сте ни свесни дека вашето тело ви испраќа сигнал на овој начин.

Познато е дека високото ниво на холестерол може да има влијание врз кардиоваскуларниот систем, но можеби ќе ве изненади фактот што оваа состојба може да доведе и до одредени проблеми со очите, како што е формирање на жолти наслаги околу очните капаци, кои се познати и како ксантелазма.

„Холестеролот е вид на липид кој е клучна состојка во правењето стероидни хормони, витамин Д и жолчни киселини, кои ни помагаат да ги разградиме мастите во цревата. Нашите тела имаат холестерол кој се движи низ нашите тела преку липопротеини, вклучително и липопротеини со висока густина (ХДЛ), кој е добар тип на холестерол и липопротеин со ниска густина (ЛДЛ), кој е лошиот холестерол. И кога ќе се наруши оваа рамнотежа, овие масни наслаги можат да се развијат“, вели д-р Никол Бајиќ, офталмолог од Кливленд.

Најчестиот начин на кој холестеролот може да влијае на вашите очи е преку присуството на ксантелазма, мали жолтеникави масни наслаги на кожата околу очите.

„Тие главно се формираат на горните очни капаци и на внатрешниот дел од очниот капак најблиску до носот“, вели д-р Бајиќ за медицинската веб-страница „Кливленд клиника“.

„Не е познато зошто некои луѓе со висок холестерол добиваат ксантелазма, а други не, но кога ќе ги видите кај некој кој нема позната историја на висок холестерол, би било добро да се провери бидејќи има околу 50 проценти шанси да го имаат тоа“, додаде таа.

Оваа докторка посочува и дека ксантелазмата не е болна, и дека тоа е претежно естетски проблем, но предупредува и дека може да настанат значителни проблеми доколку почнат да растат.

Некои од факторите на ризик за ксантелазма се:

срцева болест

дебелина

пушење

панкреатитис

прекумерно консумирање алкохол

Д-р Бајиќ истакнува дека еден од најдобрите начини за превенција и ублажување на високиот холестерол е исхрана со ниско количество на масти, но и да се избегнува преработена храна. Како своја препорака ја предлага медитеранската исхрана.

Во некои тешки случаи на ксантелазма, може да се примени естетска процедура за отстранување на масните наслаги, но постои можност да останат лузни на кожата. Една од опциите е ласерска терапија, но за ова мора да се консултирате со вашиот доктор.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.