Трпнењето на раката воопшто не треба да се игнорира: Тоа може да биде најраниот симптом на овие 6 опасни болести!

Внимателно прочитајте

Докторите откриваат зошто се појавува чувство на трпнење

Доколку почувствувате трпнење во рацете, задолжително одете на лекар и проверете ја здравствената состојба. Докторите предупредуваат дека во одреден број случаи тоа може да биде најраниот знак за некои посериозни здравствени проблеми.

Еве на кои 6 заболувања најчесто укажува чувството на трпнење:

1. Мултиплекс склероза

Мултиплекс склерозата се карактеризира со пропаѓање на нервите во ‘рбетниот мозок. Како резултат на тоа, патот на нервните импулси е прекинат, осетливоста на екстремитетите се намалува, а тоа на крајот доведува до трпки во рацете.

2. Цервикална остеохондроза

Оваа сериозна болест е поврзана со нарушувања на цервикалниот ‘рбет, како последица на што нервот се стега и го нарушува правилниот проток на крвта. Првите симптоми за двете болести, покрај трпнењето во раката, се и главоболка и нарушена координација на движењата.

3. Синдром на карпален тунел

Оваа болест е прилично честа меѓу оние што се занимаваат со монотона работа што изискува идентични движења на раката. Како последица на постојаното повторување на истите движења со прстите, тетивите може да отечат, што предизвикува трпнење во рацете.

4. Венска тромбоза

Во оваа состојба, крвните згрутчувања можат да го забават протокот на крвта. И, како резултат на тоа, кислородот и неопходните супстанции не стигнуваат до целта, а потоа се појавуваат трпки.

5. Анемија и дијабетес мелитус

Овие болести често предизвикуваат лоша циркулација во горните и долните екстремитети.

6. Мозочен удар или цереброваскуларна повреда

Ова е најопасната од сите наведени причини за трпнење. Мозочниот удар е акутно нарушување на снабдувањето на мозокот со крв. Генерално, васкуларните болести на мозокот го заземаат второто место во статистиките за морталитет. Доколку се појави чувство на трпнење, најдобро е да одите лекар.

Ова се првите знаци дека опасна болест ги уништува вашите црева: Ако ги забележите овие симптоми, задолжително одете на лекар!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.