Три брзи теста за здравјето

Проверете ја својата здравствена состојба на едноставен начин

Ги проверуваме еластичноста на стапалата и издржливоста на зглобовите.

1. ГАСЕНИЦА

Почетна положба – стоите на подот боси, стапалата ви се споени. Не одвојувајќи ги петиците, трудете се да се движите напред, само свиткувајќи ги и одвојувајќи ги прстите, и така 20 секунди.

Нормата за оние што немаат 50 години е од 30 см, па нагоре. По 50-та – од 20 см, па нагоре.

2. ЛИНИСКИ

Исклучуваме проблеми со крвните садови.

Почетната положба е стоечка, едната нога е издигната напред (подигната од подот). Раширете ги рацете настрана и затворете ги очите.

Доколку отстојавте 30 секунди без лулање, го поминавте тестот. Вртоглавицата зборува за нарушен крвоток.

3. АГОЛЕН

Дали сте склони на хипертензија или дијабетес? Ајде да провериме.

Почетната положба е седење или лежење на кревет, во шорц. Испружете ги нозете. По една минута нагло спуштете ги на подот, виткајќи ги под агол од 90 степени.

Доколку бојата на кожата не се промени или се појави мало црвенило, тоа е нормално. Но ако нозете ви побелат во дигната положба или многу ви поцрвенат кога ќе ги спуштите, тоа е знак за затнување на крвните садови.

Текст: Олег Корабљов, рехабилитолог, Кијев

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.