Тивка циста на јајникот: Ако цистите се помали, често поминуваат без симптоми

Одговара гинекологот Ала Николаевна Картузова

„При редовен ултразвучен преглед ми најдоа циста на јајникот. Бев изненадена: не забележав никакви симптоми. По кои знаци може да се посомневаме на циста? Кои се причините за нејзиното формирање?“

Цистите може да бидат последица на воспалителни заболувања на матката, јајниците и јајцеводите, хормонални нарушувања, а може да имаат и наследен карактер. Доколку се со помали димензии, често поминуваат без симптоми и се забележуваат само при превентивен вагинален преглед или ултразвук.

Кога цистата се зголемува, болката станува посилна и често се шири кон ципите и долниот дел на грбот. Болката се засилува и при физички напор, сексуален однос и за време на празнење на цревата. Може да се чувствува тежина во долниот дел на стомакот, а можни се и проблеми со празнењето на цревата.

Во оваа пригода сакам да ги потсетам читателите дека треба секоја година да одат на преглед кај гинеколог: не занемарувајте го тоа, бидејќи колку порано се забележи проблемот, толку се поголеми шансите за позитивен исход.

Четири лажици сечкани прегради од орев прелејте со три чаши врела вода. Варете го тоа 20 минути, а потоа процедете го. Пијте по половина чаша два-три пати на ден.

Исхраната исто така е важна при цисти. Неопходно е да се јадат помали порции, и тоа со ниска содржина на масти. Избегнувајте тесто, дајте им предност на кашите, освен оризова и пченкарна. Зеленчук можете да јадете без ограничувања, суров, варен или печен. Од овошје се препорачуваат јаболка, банани и сезонски бобинки. Корисни се и свежите сокови од зеленчук (но не претерувајте – не пијте повеќе од половина чаша дневно).

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.