Тест: Проверете го своето здравје дома!

Не е онака како што изгледа

Одвојте време за самодијагностика, а организмот сам ќе покаже дали треба да се подложите на посериозни прегледи.

Повеќето луѓе одат на лекар дури кога ќе ги заболи нешто, како што вели народот – кога ќе згусти. За превентивен преглед и анализи, пак, да не зборуваме…

Поради епидемијата на коронавирусот дополнително се избегнува одењето во амбуланта.

Затоа, ако и вие спаѓате во оваа категорија, барем самостојно спроведете елементарна самодијагностика.

На пример, своето здравје можете да го проверите со помош на едноставни тестови за кои е потребно многу малку време.

Секако, ова не е исто со дијагностиката на еден специјалист, но може да ви даде доволно информации

РИЗИК ОД МОЗОЧЕН УДАР

Почетна положба – стоечка. Подигнете ја едната нога свиткувајќи ја во коленото. Утврдете колку долго можете да стоите во таа положба. Ако е тоа повеќе од 20 секунди, првобитната процена е дека со малите крвни садови во мозокот сѐ е во ред и имате основа да верувате дека вам во иднина не ви се заканува мозочен удар.

ДИЈАБЕТЕС

За спроведувањето на овој тест потребен ви е помошник. Тој би требало неколкупати да ве удри со молив по стапалото, прво со тапиот, а потоа со остриот дел. А вие би требало, не гледајќи, да препознаете со кој дел ве допрел. Доколку тоа ви е тешко, можно е нервите да ви се оштетени, што е чест предзнак за дијабетес.

НЕПОДНЕСУВАЊЕ (ИНТОЛЕРАНЦИЈА) НА НАМИРНИЦИ

Сте забележале дека по јагоди, цитруси или други намирници ви се јавува необична реакција (исип, кашлица, јадеж…). Би требало да го измерите пулсот пред да го изедете тоа, а потоа повторно – десет минути по консумирањето. Ако пулсот се забрзал за повеќе од десет отсто – најдобро е тој производ да го исклучите од исхраната.

КАНДИДА

По будењето плукнете малку плунка во стаклена чаша со вода, па по 30 минути погледнете што се случило. Ако плунката се спуштила на дното во чашата (буквално, во нишки), се наталожила, или водата станала премногу матна, можно е да имате проблема со габична кандида. Доколку, пак, останала на површината на водата, нивото на габичките во организмот е во нормални граници.

СЕТИЛО ЗА ВКУС

Прстофат сина боја што се јаде нанесете на јазикот со помош на стапче за уши. Потоа низ лупа погледнете ги и избројте ги папилите (точките) на предниот дел на јазикот. Ако имате 20 и повеќе папили, честитаме – слободно можете да се наречете одличен дегустатор, бидејќи немате проблеми со сетилото за вкус.

ХОЛЕСТЕРОЛ

Неговиот покачен показател пред сѐ е данок на нашето време. За да одредите дали го имате тој проблем, потребно е внимателно да ја погледнете кожата над и под очите. Ако постојат мноштво жолти точки, тоа може да укажува на високо ниво холестерол.

ШТИТНА ЖЛЕЗДА

Станете, замижете, испружете ги рацете пред себе со дланките свртени нагоре. Раздвојте ги прстите и замолете некого да ви стави лист хартија на нив. Доколку прстите и хартијата почнат да треперат, посетете ендокринолог – можеби ви е нарушена функцијата на штитната жлезда. За тоа пак зборуваат и веѓите – ако стануваат пократки или ако паѓаат влакненца од нив.

БЕЛИ ДРОБОВИ

Вдишете најдлабоко што можете и со едно долго издишување потрудете се да надувате балон. Ако пречникот на балонот (од едно издишување) е 15 см, тоа значи дека со капацитетот и работата на вашите бели дробови сѐ е во ред, т.е. дека нема застој, крвотокот во белите дробови е добар.

Природно, кај заболените од бронхијална астма, емфизем на белите дробови (преголемо зголемување на алвеолите), хронични опструктивни болести на белите дробови… – оваа вежба веројатно нема да успее.

ЈАЈНИЦИ

Многу жени честото дуење на стомакот го доведуваат во врска со лошо варење. Но ако гасови и надуеност ве мачат повеќе од 12 дена месечно, би требало да посетите гинеколог за да исклучите проблеми со јајниците.

Текст: Марина Нефедова, интернистка

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.