Тајна за здравје: Показател за добро здравје е постојаната телесна температура

Штитната жлезда не смее да се умори

Пониската телесна температура е предизвикана од послабо функционирање на штитната жлезда и послаб имунитет

Високата надворешна температура го загрева нашето тело, а тоа се брани со потење. Тоа е нашата внатрешна клима. Кога ќе престане тоа ладење, кардиоваскуларниот систем колабира, пулсот се забрзува и крвниот притисок паѓа. Телото губи течности и електролити, па често се нарушува срцевиот ритам.

Меѓутоа, внатрешната температура на телото во услови на релативно добро здравје мора да остане константна. Како што старееме, таа се намалува за околу 0,3 степени (кај луѓе над 60 години) поради забавувањето на метаболизмот и послабата циркулација.

Колкава е вашата температура?

Познато е дека високата надворешна температура во телото, покрај потењето, доведува до премаленост и замор. А кога температурата на телото ќе надмине 40 степени, доаѓа до сончаница, многу опасна здравствена состојба, која бара болничко лекување. Докажано е дека температурата на телото ја регулира штитната жлезда. Затоа е важно да се знаат вредностите на хормоните на штитната жлезда и антителата.

Високата телесна температура ја предизвикуваат инфективни агенси (бактерии, вируси и габи) и таа бара постојан третман. Постојано покачена телесна температура покажува дека нешто не е во ред со нашиот метаболизам. Долготрајната субфебрилна температура предизвикува внимание во однос на малигнитет – затоа е неопходно да се открие причината. Пониската телесна температура е предизвикана од послабо функционирање на штитната жлезда и послаб имунитет.

Пинокио-ефект

Кога лажеме, температурата на телото ни се зголемува (се зголемува нивото на хормонот на стрес кортизол, бидејќи лажењето е стресна ситуација) – т.н. Пинокио-ефект. Женските хормони и овулацијата исто така ја зголемуваат телесната температура. Добриот сон, спротивно на тоа, ја намалува. Брзото отчукување на срцето, забрзаното варење, испотените дланки, топлотните бранови или забавеноста го бранат телото во таа смисла што влијаат на постојаноста на внатрешната температура. Ако некој има природно покачена температура од раѓање, 37 степени не е причина за загриженост.

Заклучокот би бил: високата надворешна температура се одразува на кожата со потење, губење електролити и зголемување на температурата на кожата, но механизмот за ладење на телото влијае внатрешната температура да остане во нормални граници, така што нема да дојде до нарушување на функционирањето на органите, пред сѐ срцето, мозокот и бубрезите.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.