Свинска маст измиена во 9 води: На овој начин нашите предци правеле моќен лек против болести на белите дробови

Народни лекови

Доколку се прашувате како нашите мајки и баби ја „миеле“ маста што ја користеле како лек, прочитајте го деталното упатство

Во минатото, лековите во 90 отсто од случаите биле природни. Па така, нашите прабаби се лекувале со чуваркуќа, лековити билки, домашно млеко и супа.

Една аптека во старите времиња задолжително содржела бројни природни лекови против кашлица, а меѓу нив била и свинската маст, „премиена“ во девет води.

Имено, домаќинките приготвува маст за лекување на посебен начин, така што одвојувале одредена количина по топењето и темелно ја миеле. На лажица маст се сипува половина чаша ладна вода, се мати сето тоа со дрвена лажица десетина секунди, се остава кратко да отстои, па водата се одлива од површината. Постапката се повторува девет пати и така се добива исклучително бела маст.

За болни бели дробови, таа се користи на повеќе начини. За деца, може само малку да се загрее па да се намачка на градниот кош, да се покрие со газа, па со фолија, па потоа да се облече детето во маица и пижама. Така треба да преспие, а утредента навечер може да се повтори целата постапка.

За повозрасните, може прво да се намачка кожата со премиената маст, па потоа се ставаат облоги. Може да се остави така и прекуноќ.

Според третиот старински рецепт, премиената маст може да се измеша со малку ракија, па да се натопи облогата со оваа мешавина.

Се смета дека маста ги смирува воспалителните процеси и ја „извлекува“ температурата, а се препорачува и за воспаление на синуси, хемороиди и мозолчиња на кожата.

Нашите баби сепак знаеле најдобро: Ако се користи вака, свинската маст ги негува кожата и косата подобро од кој било крем!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.