Срцеви болни, внимавајте на дишењето!

Големиот „мотор“ не успева секогаш да се избори со оваа задача

Како што е познато, срцето ја пумпа крвта низ целиот организам, вклучувајќи ги и дишните патишта. Големиот „мотор“ не успева секогаш да се избори со оваа задача. Како последица на тоа се нарушува крвотокот и доаѓа до застој во белите дробови. Додека набабруваат, нивните ткива ги иритираат рецепторите за кашлица.

! Затоа, во случај на срцеви мани, човекот кашла систематично, особено ноќе и по физички оптоварувања.

Притоа шлајмот не се исфрла, а кашлицата е проследена со задишаност. Може да ве вознемируваат долготрајни болки зад градната коска, се појавуваат цијанозна (виолетова) нијанса на усните и отеченост на нозете приквечер. Штом ќе легнете, кашлицата се засилува.

При појавата на таквите симптоми пред сѐ треба да направите испитување кај кардиолог. Лекарот ќе ви пропише медикаментозно лекување. Ќе биде корисно да го дополните со средство од лимон, мед и лук.

Десет лимона прелејте со зовриена вода и исцедете го сокот од нив. Додајте десет ситно исечкани главици лук и килограм мед. Оставете го на темно место една недела, па исцедете го. Наутро, на гладно, земајте по една лажица (во случај на зголемена киселина – еден час по појадокот), и така три недели. По една недела пауза, третманот можете да го повторите. Чувајте ја смесата во фрижидер.

Контраиндикација: индивидуална неподносливост.

Како да разликуваме сува кашлица од влажна?Добро прашање, бидејќи сепак влогот за успешно лекување кашлица е правилно избрано средство. А во таква ситуација важно е да се утврди дали е таа сува или влажна. Запаметете: во случај на сува кашлица нема никакви излачувања, додека влажната е проследена со обилно лачење плунка и шлајм, макар малку. А сега подетално…

СУВА КАШЛИЦА

Ненадејни напади на кашлица. Многу често се проследени со јадеж и гребење во грлото. Ноќе, по правило, кашлицата се засилува. Често ве тера да се накашлувате, како да го прочистувате грлото. Олеснување настапува од инхалации и септолети (на пр. бонбони од нане).

Што да правите? Помага обилно пиење течности, како и лажица мед пред спиење.

ВЛАЖНА КАШЛИЦА

Нападите се послаби отколку кога станува збор за сува кашлица. Кашлате сѐ додека не се не одвои излачувањето (како да го откинувате). Обично нападите на кашлица завршуваат по исфрлањето на шлајмот.

Што да правите? За да ви биде полесно да се искашлате, неопходно е обилно да земате течност (компоти, коктели, билни чаеви). Напивките го разредуваат шлајмот и го исфрлаат од организмот. Почесто проветрувајте ја просторијата во која се наоѓате. Корисно е да шмукате септолети од тревки. Тие го засилуваат исфрлањето на шлајмот, па нападите на кашлица полесно се поднесуваат.

Извор: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.