„Срцето ти се кине“: Моли-Меј искрено за борбата со рефлуксот кај бебето (ВИДЕО)

ПРОБЛЕМ СО КОЈ СЕ СООЧУВААТ МНОГУ РОДИТЕЛИ

Познатата инфлуенсерка призна дека проблемите со рефлуксот кај нејзиниот син биле исклучително тешки за целото семејство.

Моли-Меј Хејг отворено проговори за проблемите со рефлуксот кај нејзиниот син Мидас. Таа призна дека периодот бил психички многу тежок и дека најтешко ѝ било да го гледа детето во непријатност, а да не знае како веднаш да му помогне.

Рефлуксот е чест кај бебињата и во најголем број случаи се намалува како што детето расте. Може да се појави со враќање на млекото, подригнување, кашлање или вознемиреност за време и по хранењето, а постои и таканаречен „тивок рефлукс“, кога млекото се враќа, но повторно се голта.

Вообичаено се советува бебето да се држи исправено за време и по хранењето и редовно да се подригнува. И покрај рефлуксот, за спиење бебето треба да биде на грб и на рамна површина, без подигање на душекот или поставување на страна или стомак.

Иако најчесто не е сериозен проблем, лекарска проценка е потребна ако бебето не напредува со тежината, одбива храна, повраќа во млаз, има зелено или крваво повраќање, крв во столицата, отечен стомак или знаци на дехидратација.

pexels – bebe

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе