Совети што ќе придонесат стомакот да работи подобро

Како со помош на лековити билки може да се подобри работата на системот за варење на храната

Воспоставете ја перисталтиката

Често нашите црева се на тест. Со премногу скара за викенд го оптоваруваме телото или, напротив, наглото преминување на бобинки или на зелениште исто така претставува стрес за цревата.

За да не му наштетите уште повеќе на организмот, во градината издвојте катче каде што ќе посадите билки што ја нормализираат перисталтиката.

* Глуварче: Коренот од глуварчето помага да се воспостави метаболизмот и да се отстрани запекот. Едно лажиче иситнет сув корен прелејте со 250 мл вода, оставете до зоврие, држете го во  термос еден час, а потоа исцедете го. Пијте по една лажица пред секое земање храна.

Лекувањето трае еден-два дена.

* Кантарион: Едно лажиче сува билка и цветови прелејте во термос со 200 мл зовриена вода, оставете да отстои еден час, па исцедете го. Четири пати дневно земајте по 50 мл половина час пред или по јадење.

Борова смола наместо лаксативи

Доколку во вашата бавча расте бор, задолжително земете ја смолата од него – малите килибарни ленти што се ослободуваат од младите пупки од борот или пукнатините во неговата кора.

Смолата може да се чува во фрижидер или да се замрзне на подолг период.

Тоа е единствен лек за лекување многу заболувања. Меѓу другото, се користи и како природен лаксатив: топче смола (големина на грашок) ставете во лажица топла вода, оставете да се загрее, па проголтајте ја.

Земајте еднаш дневно. По две процедури отстранува дури и хронична опстипација.

Извор: Руски доктор

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.