Совети што ќе придонесат стомакот да работи подобро

Како со помош на лековити билки може да се подобри работата на системот за варење на храната

Во варењето не учествуваат само желудникот и хранопроводот туку и многу други органи, кои играат еднакво важна улога во апсорпцијата на хранливите состојки. Но овој пат пишуваме за желудникот и цревата, за тоа како со помош на лековити билки може да се подобри нивната работа.

Недостиг од апетит

Во некои ситуации (топли денови, болест, стрес…) луѓето немаат апетит. Неколку дена пост на возрасен и, условно кажано, здрав човек нема да му нанесат штета. Но децата, тинејџерите, луѓето изложени на физички напори и постарите не треба да гладуваат бидејќи за нив тоа е контраиндицирано.

* Горчливите билки го отвораат апетитот. По едно лажиче пелин и црвен кантарион прелејте во термос со 300 мл зовриена вода, оставете тоа да отстои еден час, па исцедете го. Земајте по една-две лажици 20 минути пред јадење.

* Мешавина за апетит. Помешајте по една лажица корена од иѓирот, маточина, цветови од невен и едно лажиче семе од мирудија. Едно лажиче од смесата прелејте со 250 мл вода, оставете да зоврие, пресипете го во термос и оставете го така два часа. Пијте по една-две лажици 20 минути пред јадење.

  • Овие билки совршено си одговараат и за нив можете да одвоите мало катче во градината со растресито и не премногу хранливо земјиште. Така секогаш ќе бидете сигурни дека никој од вашите блиски нема да биде без апетит.

Убавината почнува од цревата

Доколку имате сува коса што пука или вам се листаат и кршат ноктите, а исто така одвреме-навреме на кожата ви се појавува исип или предвремени брчки, најчесто не станува збор за недостиг од некој витамин туку за застој во работата на дигестивниот систем. Во тој случај тој лоши му ги апсорбира на организмот неопходните материи и бавно се ослободува од непотребните и обработените материи.

Естрагонот придонесува за варењето

Од памтивек се користел за нормализација на варењето и за намалување на надуеноста. Има својство на зајакнување, благотворно влијае на хормоните и ги отстранува штетните материи од организмот. Една лажица сува билка прелејте во термос со 250 мл зовриена вода, оставете ја еден час, па исцедете ја. Земајте по две лажици четири пати на ден. Третманот трае две недели.

  • Неизискувачка билка, но повеќе сака да расте на сонце, на хранлива почва. Во тој случај може да се бере неколкупати годишно, со сечење на зелениот дел и стебленцата со цвет. Сувиот естрагон може да се чува до три години.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.