Сочувајте ги бубрезите: Не би требало да претерувате со овие производи!

Препорака од експерти!

Претерувањето никогаш не е добро

Ова се производите со кои не би требало да претерувате ако сакате да ги сочувате бубрезите…

1. Алкохол

Алкохолот е во основа отров кој вашите бубрези мораат да го филтрираат. Умереното консумирање алкохол не ја прави оваа работа премногу тешка, но прекумерното предизвикува голем притисок врз нив. Преголемата количина на алкохол ја менува функцијата на бубрезите, слично како што ја менува функцијата на вашиот мозок и ги прави неспособни за ефикасно да ја филтрираат крвта.

Алкохолот има дехидрирачко дејство, а водата е од критична важност за функцијата на бубрезите, како и за секоја поединечна клетка во нашето тело. Оваа внатрешна борба е една од причините зошто мамурлакот толку многу пречи. Важно е да пиете многу вода секогаш кога консумирате алкохол!

2. Сол

Натриумот е важна состојка која му помага на нашето тело да одржува правилна рамнотежа на течности. Заедно со калиумот, натриумот и’ овозможува на крвта ефикасно да филтрира низ бубрезите. Меѓутоа, кога има премногу сол во вашата исхрана, бубрезите се принудени да задржуваат повеќе вода за да ја разредат крвта. Тоа на крајот го покачува крвниот притисок и може да ги оштети микроскопските структури внатре во бубрезите што ги вршат сите филтрирања – нефроните.

3. Кофеин

На многумина од нас им треба секојдневна доза на кофеин, за да можат наутро да функционираат, плус вечерна доза или две кога мора да работите до доцна. Но кофеинот е стимуланс, па затоа го забрзува протокот на крвта и може да го зголеми крвниот притисок. Тој е и благ диуретик, што значи дека влијае на способноста на бубрезите да ја апсорбираат водата и може да доведе до дехидратација.

Во мали количини, кофеинот не им предизвикува премногу стрес на бубрезите. Прекумерната консумација, меѓутоа, може да ги влоши болестите на бубрезите и да предизвика бубрежни камчиња, поради хронична дехидратација. Се’ додека се држите до 2 или 3 кофеински пијалаци дневно и пиете многу вода во меѓувреме, не треба да се грижите!

4. Газирани и енергетски пијалаци

Имаат добар вкус и преполни се со шеќери, но овие пијалаци се исклучително проблематични. Не постои здравствена вредност што може да се искористи за напивки и енергетски пијалаци, така што нивното целосно отфрлање од исхраната е една од најдобрите работи што можете да ја направите за да го намалите притисокот на бубрезите и да си го подобрите здравјето.

5. Вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи, како оние што ги содржат диеталните сокови, би требало да ја намалуваат нашата зависност од нездрави шеќери, но тоа не е баш така. Истражувањата откриваат дека употребата на производи со вештачки засладувачи не ја намалува вкупната потрошувачка на шеќер.

Ако и понатаму барате подобра замена за шеќер, пробајте природна стевија или мед.

6. Млечни производи – само ако претерате можат да бидат штетни, инаку се здрави!

Млечните производи се богати со калциум и други хранливи состојки, како и со протеини. Тие можат да бидат здрав додаток на вашата исхрана, но не смеете претерано да ги консумирате. Преголемата количина на калциум може да доведе до камен во бубрезите, бидејќи вашите бубрези се борат да го отфрлат вишокот преку урината.

Преоптоварените бубрези исто така нема да бидат во можност да го обработат протеинскиот отпад и може да дојде до опасно ниво во вашето тело. Истражувањата покажале дека ограничувањето на консумацијата на млечните производи за луѓето со бубрежни болести може да ја одложи потребата од дијализа.

7. Неорганска храна

Не е никакво изненадување тоа што отровот не е добро. Она што можеби не го сфаќате е дека речиси е невозможно да се измијат остатоците од пестициди на неорганските производи, бидејќи тие продираат во храната. Кога еднаш ќе се проголтаат, нашите тела не се во состојба да ги исфрлат овие хемикалии, па нивните нивоа се таложат во текот на целиот наш живот.

Неодамнешните истражувања покажале дека луѓето со хронични болести на бубрезите имаат тенденција да имаат повисоко ниво на остатоци од пестициди во своето тело. Точната врска помеѓу пестицидите и болестите на бубрезите се’ уште не е позната, но истражувачите сметаат дека високото ниво на пестициди во организмот предизвикува значајно оксидативно оштетување на бубрезите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.