„Слушајте“ што ви вели телото: Знаци за ослабен имунитет

Зајакнете го!

Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Затоа е од големо значење тој да биде „на висина на задачата“, односно, да не е ослабнат, особено во услови на дивеењето на коронавирусот.

Некои симптоми јасно ќе ви дадат до знаење дека имунитетот ви е намален и дека треба да се погрижите за негово зајакнување.

Ова се некои од симптомите на кои треба да обрнете внимание:

Појава на алергии

Алергените се супстанции што го напаѓаат вашиот организам. На некои од нив може да сте поосетливи, а на некои помалку, но способноста на телото да се избори со алергените дефинитивно зависи од тоа дали вашиот имунитет е намален или не.

Во голем број од случаите алергиските реакции се успешно ублажени или излечени со јакнење на имунолошкиот систем.

Постојан замор

Хроничниот замор е знак за намален имунитет. Нормално е да се заморите од напорна работа, вежбање или слична состојба за која заморот е карактеристичен. Но доколку сте постојано истоштени, лесно се задишувате и мали промени влијаат на вашата енергија и расположение, станува збор за намален имунитет.

Чести бактериски инфекции

Доколку имате потреба често да посетувате лекар и да пиете антибиотици бидејќи имате воспаление на уво, грло, бели дробови, непца или слично, тоа е знак дека вашето тело не се бори доволно добро против болестите. Треба да знаете како да го зајакнете имунитетот.

Чести вирусни инфекции

Дали ве напаѓа секој вирус кој се појавува во вашата околина и мислите дека треба да земете боледување кога некој друг ќе се разболи? Прележувате грип 2 пати годишно, ве мачи херпес, постојано имате воспаление на грло или настинка?

Не ви треба друг симптом! Дефинитивно треба да се погрижите за јакнење на својот имунолошки систем.

Раните тешко зараснуваат

Еден од симптомите за намален имунитет е и тешко зараснување рани. Ова обично се поврзува со недостаток на цинк кој овозможува регенерација на клетките во телото и зараснување рани, иако причините за тоа може да бидат различни и ниедна од нив да не укажува дека вашиот имунолошки систем е беспрекорен.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.