Симптоми што укажуваат дека можеби страдате од синдром на полицистични јајници

Препознајте ги навреме!

Статистиките покажуваат дека секоја десетта жена страда од полицистични јајници. Овој синдром го карактеризира појава на фоликули во јајниците во кои јајце-клетката не може да се развие до фазата кога е возможно нејзино оплодување. Оваа појава предизвикува зголемено лачење тестостерон, што се манифестира со следниве симптоми:

– нередовни и оскудни менструации или нивно отсуство

– неможност да се забремени

– дебелеење

– акни

– зголемена влакнетост на лицето и на телото

Ако се сомневате дека сте заболеле од овој синдром, задолжително закажете гинеколошки преглед. Лекарот ќе ви препорача одреден тип исхрана, со кој ќе го регулирате нивото на инсулин, а со тоа и создавањето на половите хормони, или примена на контрацепциска пилула за воспоставување нормална менструација.

 Текст: Наташа Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.