Симптоми на тешка хипертензија: 3 знаци дека притисокот достигнал критично ниво!

Време е за итно одење на лекар

Во состојбата на хипертензична криза доаѓа до силна главоболка, па и до крвавење од носот

Хипертензијата, најчесто, е тивко заболување. Многу луѓе не доживуваат никакви симптоми, а високиот притисок полека сè повеќе им го загрозува здравјето.

Може да поминат и по неколку години, па дури и децении додека притисокот достигне толку високо ниво што проблемите стануваат очигледни. Дури и тогаш, многумина ги припишуваат симптомите на други заболувања. Меѓутоа, еве кога итно мора да одите на лекар, бидејќи хипертензијата достигнала ризично ниво:

  • ако забележите крвави точки во очите
  • ако чувствувате вртоглавица
  • ако ве облева пот

Во состојбите на хипертензична криза доаѓа и до силни главоболки, па дури и до крвавење од носот. Примарната хипертензија, најчесто е предизвикана од прекумерна тежина, алкохол, седење, солена храна.

Секундарната хипертензија настанува многу брзо кај луѓе кои страдаат од заболувања на бубрезите, вродени срцеви мани, некои ендокрини тумори, како и од проблеми со тироидната жлезда.

Во двата случаја неопходно е редовно да го мерите притисокот и да ја приспособувате терапијата според лекарските совети.

Ова е првиот знак дека имате хипертензија: Докторите предупредуваат кој симптом не смеете да го игнорирате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.