Симптоми на болеста што му е дијагностицирана на Џастин Бибер: Еве што предизвикува парализа на лицето!

Воопшто не е наивно!

Десната страна на лицето му е целосно парализирана! Ги откажал сите настапи поради сериозните здравствени проблеми

Имено, на светската музичка ѕвезда Џастин Бибер, му е дијагностициран Ремзи-Хантов синдром. Како што открил, вирусот му го зафатил нервот во увото, што предизвикало парализа.

Ремзи-Хантовиот синдром, познат и како очен зостер, е вирусна инфекција на геникулатниот ганглион, фацијален нерв, што се јавува кога инфекцијата херпес зостер ќе го зафати фацијалниот нерв.

Овој синдром обично е поврзан со црвен осип и пликови на подрачјето на увото или ушната школка, а понекогаш и на непцето или јазикот. Се предизвикува со реактивирање на вирусот херпес зостер, кој претходно се јавил кај пациентот како последица на мала сипаница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Освен до болен осип со херпес зостер, овој синдром може да доведе до фацијална парализа и губење на слухот во увото што е погодено од инфекцијата. Па така, вирусот го инфицира фацијалниот нерв што ги контролира мускулите на лицето.

Во одредени случаи, херпес зостер може да доведе до рани симптоми што се појавуваат неколку дена пред избивањето на болниот осип, како што се:

  • главоболка
  • јадеж
  • грозница

Исто така, еден од главните симптоми е губење на слухот на едното уво, а потоа и појава на болни пликови, осип во внатрешноста на каналот на увото, на обвивката на ушното тапанче, јазикот и/или на непцата. Тоа се случува на истата страна каде што е и мускулната слабост на лицето, доколку инфекцијата го зафатила лицето. Пациентот има вртоглавици, слабост на лицето со тешкотии при затворање на едното око и опуштање на лицето на едната страна.

Џастин Бибер ги откажа концертите: Лицето му е парализирано! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.