Што значи претераната влакнавост кај жените? Голем црвен аларм што бара сериозно лекување!

Дознајте

Претераната влакнавост кај жените може да биде знак на хормонски дисбаланс или генетски предиспозиции

Има луѓе кои се природно „ќосави“, односно имаат многу слаби и светли влакна по телото или ги немаат воопшто, а има и такви кај кои влакнавоста е изразена како по телото така и по лицето. Тоа особено им претставува проблем на жените, а еве кои може да се причините.

Засилената влакнавост (хирзутизам) кај жените најчесто е последица на хормонски дисбаланс (покачено ниво на машки хормони – андрогени), генетски предиспозиции или синдром на полицистични јајници.

Поретките причини вклучуваат нарушување на надбубрежните жлезди (како што е Кушингов синдром), земање одредени лекови или тумори.

Главните причини за прекумерната влакнавост може да се поделат на неколку клучни фактори

Хормонски дисбаланс и андрогени: Зголемената продукција или засилената чувствителност на машките хормони (андрогени) е директна причина за раст на влакна од машки тип кај жените.

Синдром на полицистични јајници: Ова е едно од најчестите ендокрини нарушувања. Се карактеризира со цисти на јајниците кои го нарушуваат балансот на половите хормони и доведуваат до засилена влакнавост, нередовни циклуси и акни.

Генетика: Наследниот фактор игра огромна улога. Доколку во семејството постои историја на засилена влакнавост, постои голема веројатност дека ќе се појави проблемов.

Нарушувања на надбубрежните жлезди: Состојбите како хиперплазија на надбубрежните жлезди или Кушингов синдром може да предизвикаат прекумерно лачење на хормони и забрзано растење влакна.

Лекови: Одредени медикаменти, како оние што содржат хормони или лекови за стимулација на раст на коса, може да предизвикаат влакнавост како нуспојава.

Инсулинска резистенција: Често се поврзува со полицистични јајници и може да влијае врз хормонскиот статус, поттикнувајќи го растот на несакани влакненца.

За подетална дијагностика, се препорачува консултација со лекар кој ќе ги провери нивоата на хормоните и по потреба ќе ве упати на ендокринолог или гинеколог.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе