Што помага при губење на силата?

Добро е да се знае

Сок од грејпфрут се користи при премореност и по тешка болест. Тој е извор на витамини Ц, П и оние од Б-група и на каротин

Кому не му се познати оние денови, а понекогаш и цели месеци, кога енергијата се чини дека исчезнува, отстапувајќи им место на уморот, сонливоста, слабоста и отсуството на желба да се прави нешто (понекогаш дури немаме сила да размислуваме).

По долготрајни физички или ментални оптоварувања, имуниот и нервниот систем страдаат, а организмот слабее. А што можеме да кажеме за состојбата по болест или операција во т.н. период на закрепнување, кога падот на силата е забележлив речиси секогаш.

На располагање ви се популарните руски народни рецепти за закрепнување на организмот и подобрување на енергијата.

ЛЕКОВИТИ ТРЕВКИ

Шипка

Одвар: две лажици суви плодови прелејте со шолја врела вода. Десет минути варете на тивок оган, па оставите да отстои 30 минути (или 24 часа). Пијте по третина или половина чаша два-три пати дневно по јадење. Чувајте го во добро затворен сад најмногу 48 часа.

Медот од шипка го нарекуваат еликсир на младоста. Тој ја обновува енергијата и ја зголемува отпорноста на организмот на болести. Триста грама ливчиња од шипка измијте со превриена ладна вода и наредете ги во тегла во слоеви. Секој слој прелејте го со цветен мед, поклопете ја теглата и ставете ја во фрижидер еден месец.

Консумирајте го трипати дневно, по едно лажиче со чај. Третманот трае околу еден месец. Можете да додадете ливчиња од јаболко, од тоа само ќе се подобри квалитетот на медот. Медот од шипка може да се направи и од плодовите од шипка – претходно исчистете ги од семките и ситно сомелете ги. Измешајте ги со мед во сооднос 1 : 1 и оставете го тоа да отстои еден месец.

Алое

Половина чаша иситнети ливчиња измешајте со чаша шеќер (или три четвртини од чаша мед) и оставете го на темно место три дена. Потоа додајте три чаши црно вино и повторно оставете го да отстои 24 часа на темно место. Земајте по една лажица два-три пати дневно пред јадење.

Кантарион

Една лажица тревки прелејте со 250 мл зовриена вода и оставете да отстои десет минути. Пијте по четврт чаша трипати дневно. За подобар вкус можете да додадете мед. Третманот трае две недели.

Целер

Ја подобрува умствената и физичката активност и брзо го подига тонусот на организмот. Две лажици исечкан корен прелејте со 200 мл ладна вода, оставете да отстои два часа на собна температура и земајте неколкупати во текот на денот.

Елевтерокок

Манифестира стимулативно и тонизирачко дејство на организмот и ги зголемува работната способност и отпорноста на организмот на неповолните услови. Пијте по 15–20 капки аптекарска тинктура од елевтерокок двапати дневно – наутро и преку ден, половина час пред јадење.

Глуварче

Особено е корисно за слабите и анемичните болни. Цветови прелејте со вода во сооднос 1 : 9, па во тоа додајте две-три парчиња лимон без кора. Варете го 40–50 минута, исцедете го, сипете килограм шеќер и варете уште час – час и половина.

КОРИСНИ ПРОИЗВОДИ

Лимон и портокал

Разблажете жолчка со сок од лимон или портокал, па додајте лажиче мед. Изедете го тоа за појадок.

Овес

Зрна овес прелејте со зовриена вода во сооднос 1 : 3, оставете го тоа да отстои 24 часа, течноста исцедете ја и чувајте ја во фрижидер. Пијте го топло, по четврт чаша три-четири пати на ден, пред јадење.

Рибино масло

Постарите генерации се сеќаваат на овој не многу привлечен но многу корисен производ уште од времето во градинка. Рибиното масло, добиено од црн дроб на бакалар, содржи многу витамини А и Д. Земајте по една лажица наутро и преку ден, пред јадење.

Суво овошје

Се применува за отстранување астенична состојба (слабост, снеможеност, намалена работна способност). По 300 г суви кајсии, суво грозје, суви смокви и суви сливи (без коски) добро измијте и во тоа додајте иситнети јатки од 23 јаткасти плода, па измешајте.

Земајте по полна лажица дневно. Со тоа испијте чаша кефир или кисело млеко. Дозата за деца е едно лажиче. Чувајте го во добро затворен стаклен сад во фрижидер.

Сокови

* Мешавина од сокови од цвекло, морков и јаболка во сооднос 1 : 1 : 1, дополу разблажени со вода, е проверено народно средство за обновување на енергијата. Пијте по една чаша од оваа напивка 10–20 минути пред јадење, од осум до десет дена.

* Сок од грејпфрут се користи при премореност и по тешка болест. Тој е извор на витамини Ц, П и оние од Б-група и на каротин.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.