Што откриваат мирисот и бојата на секретот за вашето здравје?

Не смеете да ги игнорирате промените

Повеќето девојки ги игнорираат знаците на предупредување кога ќе забележат промените на секретот

Доколку на вашата долна облека сте забележале секрет кој никако не смее да го игнорирате, можеби станува збор за знак кој укажува на некакво заболување.

Хормонско влијание

Хормоните влијаат на количината и изгледот на вагиналниот секрет. За време на завршувањето на менструалното крвавење и влегувањето во таканаречената рана пролиферативна фаза (6-8 ден од циклусот), секретот е едвај видлив, има проѕирна боја и нема мирис.

Со приближувањето кон средината на циклусот, нивото на естроген расте и како што се ближи овулацијата, така секретот станува сè пообилен (12-16 ден од циклусот), почест, но безбоен и понекогаш обилен, па жените имаат чувство на голема влажност.

Со крајот на овулацијата и влезот во втората фаза од циклусот кога почнува зголеменото лачење на прогестерон, квалитетот и бојата на секретот се менува, тој станува погуст, со бела боја, но без мирис. Кон крајот на менструалниот циклус, количината станува понагласена, исцедокот е густ, со бела боја, но и понатаму без мирис.

Промена на бојата и мирисот

Промената на бојата и мирисот на секретот најчесто упатуваат на инфекција или промени предизвикани од хормонални или метаболички нарушувања. Зголемениот секрет со променета густина и жолтеникава, зеленикава или сива боја, придружена со јадеж или црвенило, всушност упатува на бактериска инфекција. Потребна е терапија и тоа за двајцата партнери. Хроничните бактериски воспаленија на грлото на матката може да доведат до болни сексуални односи, отежната можност за зачнување или предвремено пораѓање.

Видови секрети

Густиот бел, жолтеникав секрет придружен со чувство на непријатност и јадеж или пецкање, сувост на вагината, пукање на кожата на вулвата, најчесто е предизвикан од габична инфекција.

Сивкастиот воденест секрет често е знак на вагинална инфекција или бактериска вагиноза, односно бактериска неурамнотеженост која најчесто е придружена со чувство на непријатност и зголемен секрет, кој повремено може да има непријатен мирис, предизвикан од бактеријата gardnarellom vaginalis.

Крвавењето кое трае подолго од вообичаеното менструално крвавење (до 7 дена) може да укажува на хормонални нарушувања кои може да настаната во првата или втората фаза од циклусот.

Крвавењето е предизвикано од несоодветна хормонална активност. Ако крвавењето трае подолго време, тоа може да укажува на сериозни проблеми и потребни се покомплексни тестирања.

Многу е важно да запомните дека секоја промена што не е вообичаена, а предизвикува чувство на непријатност изискува дополнителни анализи, задолжителен гинеколошки преглед и лекарска помош.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време