Секоја вечер ставаат еден лист зелка на градите: Незаменлив руски народен лек што и докторите го препорачуваат

Руска народна медицина

Помага и кај отечени зглобови, силни мигрени и висока температура

Дали сте знаеле дека најобичната главица свежа зелка е неверојатен лек што во Русија дури и докторите го препорачуваат наместо таблети?

Освен што е незаменлива во нашата кујна, постои начин да ја користите и за лекување. Со правилна употреба ќе ги извлечете сите придобивки од зелката, а еве кои здравствени проблеми најдобро ги решава.

Повреди и модрици

Ако сте се удриле или паднале, па имате оток или модрица, пред спиење ставете лист зелка на повреденото место и прицврстете го со завој. До наредното утро, отокот би требало да спадне, а болката или модрицата значително се намалуваат, па дури и целосно исчезнуваат.

Напомена: Доколку по нанесувањето на зелката на повреденото место ве боли уште повеќе, задолжително побарајте лекарска помош.

Убоди од инсекти

Ако имате болки и отоци по убод од пчели, оси или стршени, многу ќе ви помогне листот од зелка. Во овој случај, тој се однесува како магнет: ја вовлекува топлината и болката од местото на убодот во себе.

Главоболка и температура

Листот од зелка има моќ да ја излечи тешката главоболка и да ја намали покачената температура. Ставете зелка на челото, така што ќе ги опфатите и слепоочниците, па прицврстете ја со завој или памучна крпа. Русите лекуваат и мигрена со зелката!

Болка во дојките

Во текот на доењето и лактацијата, жените често страдаат од отоци и чувство на надуеност во градите. Со оглед на тоа што трудниците и доилките мора да одбегнуваат лекови, им преостанува само народната медицина.

Русинките го решаваат овој проблем така што земаат големи, добро измиени листови од зелка без коренот, ги чукаат со чекан за месо, ги ставаат на отечените дојки и ги држат така што подолго. Овој метод е одличен и за мастопатија (дисплазија на дојките, односно промена во ткивата) и болки во дојките пред менструација.

Напомена: Пред да користите лист зелка за лекување, мора да го измиете со зовриена вода (кратко потопете го во неа), а потоа исушете го.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.