Се вакциниравте против коронавирусот? Тогаш внимавајте на ОВА!

Корисни совети

Коронавирусот од корен го смени начинот на живот што го знаевме, а вакцината се појави како надеж дека ќе се вратиме во нормала. Тоа не’ поттикна да се понадеваме дека кошмарот е конечно при крај и дека наскоро ќе можеме повторно да се движиме слободно…

Луѓето се’ уште се вакцинираат, но можеби не со темпото што го очекувавме. По вакцинацијата, повеќето луѓе претпоставуваат дека можат да почнат да се враќаат во нормала. Но дали е тоа така?

„Пинквила“ наведува работи што не треба да ги правиме откако ќе се вакцинираме.

1. Сосема е нормално да се чувствувате уморно или без енергија ако штотуку сте вакцинирани. Не се присилувајте на секојдневни обврски или напорни вежби. Земете слободен ден и одморете се.

2. По вакцинацијата, сигурно сте повеќе заштитени од ковид, отколку порано. Во споредба со невакцинираните, вие сте побезбедни на јавни места. Но, тоа не значи дека можете да одите каде сакате без маска. Продолжете да носите маска каде што е потребно, одржувајте дистанца и избегнувајте големи собири.

3. По вакцинацијата, на телото му треба одредено време да развие антитела и да изгради имунитет кој ќе се бори против коронавирусот. Во првите неколку дена по вакцинацијата, постои можност да се инфицирате со вирусот. Бидете внимателни и не одете некаде без маска.

4. Последно, но не и најмалку важно: не губете го сертификатот за вакцинација. Ако сте примиле само една доза, ќе ви треба за да добиете друга. Ако сте ги примиле и двете дози, ќе ви треба за да можете слободно да се движите. Затоа, секогаш нека ви биде при рака!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.