Сè што треба да знаете за дијабетес дистрес и синдромот на дијабетес прегорување

Дијабетес дистрес е негативно емотивно доживување на управувањето со дијабетес. Истражувањата покажуваат дека 1 од 4 луѓе со дијабетес тип 1, и 1 од 5 луѓе со дијабетес тип 2 се соочуваат со изразен дијабетес дистрес. Студија во која се истражуваат дијабетес дистрес и дијабетес прегорувањето говори дека луѓето ги доживуваат како различни состојби.

Да се живее со хронично заболување како дијабетес, пред сé значи секој ден, секој час, секоја минута да се биде дисциплиниран: редовно да се мери гликемијата, да се внимава што и колку се јаде и се пие, да се биде физички активен, да се води (во поново време дигитален) дневник на гликемија и исхрана, да се зема препишаната терапија и уште ред други задолжителни обврски, што дополнително го прават дијабетесот да биде состојба која бара многу од секој кој ја има.

Тоа „многу“ редовно се рефлектира со емоционална изнемоштеност и општа состојба на ткн. дијабетес дистрес. Овој дистрес, доколку не се третира, лесно може да прогресира чекор понатаму во синдром на дијабетес прегорување (diabetes burnout)

Што е дијабетес дистрес, а што дијабетес прегорување?

Дијабетес дистрес е негативно емотивно доживување на управувањето со дијабетес. Истражувањата покажуваат дека 1 од 4 луѓе со дијабетес тип 1, и 1 од 5 луѓе со дијабетес тип 2 се соочуваат со изразен дијабетес дистрес.  Студија во која се истражуваат дијабетес дистрес и дијабетес прегорувањето говори дека луѓето ги доживуваат како различни состојби.

Типични показатели за дијабетес дистрес се:

  • Беспомошност при справувањето со дијабетес
  • Лутина кон дијабетесот поради чувство на преоптовареност
  • Недоволна или отсуство на дисциплина за мерење на шеќерот и правилна исхрана
  • Грижа на совест поради недисциплина, но воедно и немотивираност да се исправи грешката

Доколку ваквите емоции се поизразени подолг период, можат да прераснат во дијабетес прегорување. Синдромот на дијабетес прегорување е состојба на физичка и ментална преоптовареност, исцрпеност, чувство на немоќ и разочараност поради живеење со дијабетес и чувство на демотивираност и/или неспособност за справување со дијабетесот.

Ваквата состојба директно влијае на покачувањето на гликемијата и го зголемува ризикот од хипергликемија.

Знаци и симптоми на дијабетес прегорување

  • Чувство на неспособност да се справите со дијабетесот
  • Изразено чувство на немоќ
  • Чувство на одвоеност од самите себеси и оттуѓување од блиските и средината
  • Дистанцирање од социјална заштита и здравствениот систем
  • Чувство на преоптовареност и преисцрпеност поради менаџирањето на дијабетеесот
  • Нередовно земање на инсулин
  • Нередовно следење на нивото на шеќер во крвта
  • Невнимавање на исхрана
  • Физичка неактивност
  • Игнорирање на хроничната состојба на дијабетес

Причини за дијабетес прегорување

Постојат многу причини зошто се доживува дијабетес прегорување. Една од поновите студии наведува:

  • Подолг период на дијабетес дистрес – луѓето со дијабетес секојдневно мораат да донесуваат повеќе одлуки поврзани со нивното здравје. Менталниот терет кој произлегува од тоа да се биде постојано свесен за хроничната состојба е исцрпувачки
  • Нереални цели при третманот – доколку лице со дијабетес постојано мисли дека не ги остварува зададените цели, тогаш многу лесно потпаѓа под верување дека е неуспешен/на
  • Предизвици при третманот – комплкации при снабдување со вистинскиот тип или количина на лековите, проблеми со осигурителни планирања, хипогликемија, хипергликемија итн.

Живеењето со симптомите на дијабетес дистрес или на дијабетес прегорување претставува двоен проблем за сите луѓе со дијабетес. Но состојбата не застанува тука: ако подолг период не се преземат соодветни мерки за отфрлање на ваквите расположенија и негативни размислувања, тогаш тоа е сигурен пат кон дијабетес депресија.

Негативните чувства кои произлегуваат од дијабетес дистрес и прегорување не мора да значи дека се манифестираат и во другите сегменти на живеењето. Но, депресијата е општа емотивна состојба на лошо расположение која лесно го оневозможува секојдневното функционирање во скоро сите сегменти од животот.

Совети како да си помогнете доколку доживувате дијабетес прегорување:

  • Разговарајте со вашиот лекар или со стручно лице кое е запознаено со вашата состојба. Покрај тоа што ќе ве потсети за напредокот што сте го постигнале со дијабетесот, тие исто така можат да помогнат со нови стратегии при справувањето со дијабетесот.
  • Запомнете дека совршенството е невозможно: Дијабетесот може да биде непредвидлива состојба и со тоа да го отежне самото менаџирање на болеста. Кога станува збор за целите кои си ги поставувате, нека бидат тоа мали чекори.
  • Комуницирајте со дијабетес заедницата. Живеењето со дијабетес и исцрпеноста од управување со хроничната состојба може да ви направи да се чувствувате изолирано. Бројни форуми за дијабетес, групи за поддршка и здруженија на пациенти постојат, каде што луѓето споделуваат слични искуства. Овие средини за поддршка создаваат места каде луѓето со дијабетес се чувствуваат слушнати и споделуваат совети.
  • Побарајте поддршка од семејството и пријателите

Како да се биде поддршка некому со дијабетес дистрес или дијабетес согорување

Истражувањата покажуваат дека зголемена социјална поддршка помага во намалување на емоционалниот стрес кај луѓето кои живеат со дијабетес. Ако сакате да бидете поддршка некому со дијабетес тогаш:

  • дозволете им да ги споделат грижите без да ги осудувате
  • прашајте ги што им треба во однос на поддршката
  • прифатете ги нивните чувства
  • имајте емпатија
  • истакнете го успехот при живеењето со дијабетес кој го имаат до сега

Како со превенција  да се избегне дијабетес дистрес и дијабетес прегорување

При појава на први или благи симптоми на дијабетес дистрес со форма на преоптовареност поради сите здравствени барања кои мора да се исполнуваат кога живеете со дијабетес, постојат преветивни чекори за да се избегне состојбата на дистрес:

  1. Одморете малку – наречете го ова одмор за дијабетес. Земање неколку дена пауза од строгиот режим на живот со дијабетес. Но сепак, за да го направите ова безбедно, разговарајте со својот лекар.
  2. Намалете го нивото на стреснивото на стрес е директен чинител. Некои од начините кои можат да помогнат да се намали стресот вклучуваат медитација, квалитетно спиење и добар сон, избегнување или ограничување на употребата на алкохол, цигари.
  3. Поставување остварливи и реални цели за третман и управување со дијабетесот – советувајте се со вашиот лекар кои и какви цели на дневна основа при менаџирање со дијабетесот се прифатливи и остварливи за вас и одете чекор по чекор.
  4. Со иновативна технологијанапредокот во технологијата за дијабетес обезбедува повеќе опции за луѓето кои живеат со оваа состојба. Дигиталното следење на гликемијата и дневникот на исхрана во паметниот уред или телефон е само една од новите можности за олеснување на животот со дијабетес. Разговарајте за овие опции со својот лекар и откријте кои опции се достапни.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.