Ракот на јајниците обично се открива предоцна, еве како да ги препознаете симптомите и да го намалите ризикот

Обрнете внимание

Во светот годишно се регистрираат 250.000 нови случаи на рак на јајници, а 140.000 жени ја губат битката со оваа болест.

Првите симптоми, како што се надуеност или абдоминална болка, лесно може да се припишат на некои други здравствени проблеми – поради што ракот на јајниците често се дијагностицира предоцна, преживувањето е ниско, што го прави најсмртоносен од сите гинеколошки малигни заболувања.

Постојат три начини потенцијално да го намалите ризикот:

1. Размислете за орална контрацепција

Постои хипотеза дека колку почесто имаме овулација, толку сме поизложени на рак на јајници. Оралната контрацепција спречува овулација, а некои истражувања покажуваат дека со тоа се намалува ризикот од заболување за дури 50 проценти. Секако, апчиња за контрацепција може да имаат и некои несакани ефекти, како што се негативни ефекти врз здравјето на срцето и црниот дроб, затоа не треба да се зема лесно, туку по консултација со избраниот гинеколог за да се земат предвид добрите и лошите страни. Исто така, имајте го предвид следново: Се смета дека бременоста и доењето го намалуваат ризикот, бидејќи тие исто така ја спречуваат овулацијата.

2. Внимавајте на телесната тежина

Докажано е дека постои врска помеѓу дебелината и различните видови на рак, а тоа е потврдено и во случај на рак на јајници. Значи, одржувањето на здрава тежина е еден од начините да се намали ризикот. Треба да размислите и за тоа што јадете. Една студија од 2007 година открила дека исхрана со помалку маснотии го намалува ризикот од рак на јајниците кај жени во менопауза. Друга студија, од 2012 година, укажува на можноста дека животинските масти се фактор на ризик. Имајќи го ова предвид, размислете за ограничување на внесувањето на црвено месо, а истовремено да ја зголемите количината на зеленчук и овошје во вашата исхрана.

3. Закажете генетско советување

Ако имате мутации во гените BRCA 1 и BRCA2, или имате мутација наречена Линч синдром (вклучува генетски мутации кои носат ризик од развој на рак на дебелото црево, матката и јајниците), веројатно ќе имате дијагностициран карцином на јајници и дојка. Во тој случај, ќе бидете подложени на посебен протокол за контрола за откривање на потенцијална појава на рак во најраната фаза. Денес има разни генетски тестови, па ако сте загрижени затоа што сте имале случаи на ваков вид рак во вашето семејство, консултирајте се со вашиот избран лекар.

Поради начинот на кој овој карцином се манифестира во телото, тој се нарекува и „тивок убиец“. Во раните фази, симптомите се обично нејасни и лесно можат да останат незабележани. Пациентите обично забележуваат симптоми во веќе напредната фаза на болеста.

Некои од можните знаци или симптоми се:

• тапа болка во долниот дел на стомакот
• нарушувања во исхраната и варењето на храната, надуеност
• болки во грбот
• запек и болни столици
• слабост, малаксаност, губење на апетит и анемија
• постменопаузално крварење и нередовно крварење во репродуктивната возраст не се секогаш присутни.

Она што може да ги разликува раните знаци на рак на јајниците од симптомите на некои други болести е нивната постојаност. Ако случајно чувствувате силна болка во долниот дел на стомакот повеќе од десет пати месечно, потребно е да закажете состанок со гинеколог.

Прочитајте и: Овие работи најмногу му штетат на здравјето на црниот дроб

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.