Психички причини за кашлица

Не сте настинати, а кашлате бидејќи сте незадоволни од нешто…

Кашлицата е рефлексен механизам, кој обезбедува чистење на дишните патишта. А дишењето во психологијата е поврзано со чувството за живот и способноста да се изразиме. Кога ќе дојде до конфликт, се јавува поткашлување, па и силна кашлица.

Познатата докторка Луле Вилма смета дека кашлица се јавува при бес на блиските. Психологот Лујза Хеј во тој симптом гледа тенденција да му подвикнеме на целиот свет:

Погледнете каков сум! Слушнете ме!“.

А филозофот Лиз Бурбо го поврзува со раздразливост и силно развиена внатрешна критика, кога човекот се гледа себеси многу полошто отколку што е навистина.

Проанализирајте го ова, особено доколку кашлицата не поминува долго време. Послужете се и со следните психолошки методи.

* На нивото на чувствата. Трудете се спрема животот да се однесувате попозитивно. Секој ден забележувајте барем три позитивни настани. Постепено ќе почнете да мислите пооптимистички.

* На нивото на умот. Лујза Хеј предлага да ја користите афирмацијата: „Ме забележуваат и многу ме ценат. Ме сакаат.“ А психологот Владимир Жикаренцев ја препорачува својата формула на автосугестија: „Имам доволно внимание и љубов.“

* На нивото на телото.

Вежба на дишење „Не дишете“: навалете го трупот малку нанапред, вдишете длабоко низ носот и задржете го здивот 10–15 секунди, па издишете низ уста. Повторете десет пати.

Вежба на дишења „Пумпа“: навалете го трупот нанапред, рацете држете ги по должината на телото. Вдишувајќи низ носот, наведнувајте се уште пониско, а, наспроти тоа, вдишувајќи низ уста, подигајте се. Повторете осум пати.

Текст: Јулија Короцинска, психолог, Виница, за „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.