Прочистете го црниот дроб и преродете го телото: Народен лек што ги исфрла каменот и маснотиите!

Здравјето зависи од исхраната

Сè што внесувате во телото преку храната, со инхалирање или преку кожата, поминува низ црниот дроб

Црниот дроб извршува повеќе од 500 важни функции во вашиот организам. Меѓу најважните задачи се прочистувањето на организмот од токсини, регулирање на маснотиите, одржување хормонална рамнотежа, производство на крвни белковини, производство на жолчна течност.

Сè што внесувате во телото преку храната, со инхалирање или преку кожата, поминува низ црниот дроб. Масната, печена и пржена храна, алкохолот, газираните пијалаци, лековите и загадениот воздух се најголемите непријатели на овој витален орган.

Со своето токсично дејство, тие го оштетуваат црниот дроб и ја нарушуваат неговата функционалност, па на крајот делуваат негативно на целокупното здравје.

За целосна функционалност на црниот дроб најважен е здравиот начин на живот, кој пред сè вклучува здрава и правилна исхрана, поминување време на чист воздух и употреба на природни козметички и лековити препарати. Па така, од големо значење за зачувување на здравјето на црниот дроб е неговото редовно прочистување, односно детоксикација.

Позитивните ефекти на детоксикацијата: ја спречува појавата на маснотии во црниот дроб, помага во елиминација на каменот од црниот дроб и жолчката, го забрзува метаболизмот, го зајакнува имунитетот, ја зголемува енергијата, концентрацијата и продуктивноста, ја ублажува главоболката, депресијата, уморот и поспаноста, го отстранува непријатниот здив како и непријатниот мирис на телото, ги ублажува алергиите, придонесува за здравјето и убавината на кожата, го поттикнува губењето вишок килограми.

Производи за прочистување на црниот дроб

Некои од нив се јаболка, бадеми, артичоки, авокадо, босилек, репка, боровинки, бразилски орев, брокули, зелка, коријандер, цимет, брусници, ленено семе, лук, грејпфрут, гоџи бобинки, зелен чај, кељ, лимон, маслиново масло, кромид, магдонос, ѓумбир, ананас, сусам, куркума.

4 едноставни рецепти за детоксикација на црниот дроб

1. Зелен чај со банана и лимон

Потребни состојки:

  • ½ шолја ладен зелен чај
  • 1 банана
  • ½ лимон

Приготвување:

Иситнете ги бананите и лимонот со миксер, а добиената смеса измешајте ја со зелен чај. Испијте го пијалакот свежо приготвен.

Придобивки:

Комбинацијата од зелен чај, лимон и банани е одлична за јакнење на целиот организам. Поради своето антиоксидативно дејство, зелениот чај се користи во многу детокс-програми. Лимонот исто така придонесува за детоксиказија. Овој цитрус го стимулира ослободувањето на ензимите и им помага на токсините да се претворат во отпад кој потоа лесно може да се излачи од организмот.

2. Златна мешавина за прочистување на црниот дроб

Потребни состојки:

  • ½ лажичка куркума
  • парче корен од ѓумбир
  • 1 лимон
  • ½ шолја вода

Приготвување:

Исцедете сок од лимон во шолја, па додајте куркума, ѓумбир исечен на тенки кругови и топла вода. Добро измешајте, па почекајте неколку минути за да се соединат состојките. Уште еднаш измешајте, бидејќи куркумата ќе се наталожи на дното и испијте ја течноста.

Придобивки:

Овој пијалак помага за детоксикација. Придонесува и за превенција на камен во жолчка. Поради високите антиоксидативни својства, куркумата важи како одличен борец против многу болести. Куркуминот од куркумата особено благотворно делува на здравјето на црниот дроб и за ублажување на дигестивните тегоби.

3. Смуди од боровинки за детоксикација

Потребни состојки:

  • ½ шолја боровинки
  • ¼ шолја сок од брусница
  • 1 банана

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки во блендер додека не се формира хомогена смеса. Консумирајте го смудито свежо приготвено.

Придобивки:

Боровинките се богати со фитонутриентите наречени проантоцијанидини, кои се одличен антиоксиданс. Затоа, ова едноставно смуди е многу ефикасно за брза и силна детоксикација на телото. Боровинките исто така имаат антибактериски и антивирусни својства што ги прави одлични сојузници во борбата против инфекции и воспаленија.

4. Чудесна лимонада од манго и ѓумбир

Потребни состојки:

  • половина манго
  • 1 лимон
  • парче ѓумбир
  • кора од еден лимон
  • 1 супена лажица сок од агаве

Приготвување:

Иситнете го мангото, лимонот и ѓумбирот, додајте кора од лимон и сок од агаве и измешајте ги состојките во блендер. Консумирајте ја лимонадата свежо приготвена.

Придобивки:

Оваа чудесна лимонада ќе делува благотворно на целиот организам, а особено ќе им помогне на оние кои имаат проблеми со маснотиите во црниот дроб. Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини за силно делување во борбата против многу болести. Ја поттикнува елиминацијата на штетните токсини, со што придонесува за здравјето и функционалноста на црниот дроб.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.