Природен антибиотик: Спречува инфекции, уништува габички, го штити желудникот!

Една чаша дневно ќе ве прероди

Оригиналното име на оваа билка што значи „спасение“, доволно говори за нејзиното значење за нашиот организам

Постои изрека уште од стар Рим која вели: „Кој сака да живее долго, нека пие жалфија во мај“. Според оваа изрека, можеме да заклучиме дека Римјаните верувале дека доколку пиете жалфија напролет, ќе го подготвите вашиот организам за сите предизвици што ги носи зимата.

Жалфијата е билка чија вредност е препознаена уште од дамнешни времиња, а нејзиното оригинално латинско име (Salvia officinalis) во превод значи „спасување“. Името ѝ го дале старите Римјани кои со оваа билка лекувале бројни состојби и болести, а еднакво делотворна останала сѐ до денешен ден.

Жалфијата има многу благотворни својства, меѓу кои се зголемена концентрација и помнење, лекува воспаление на грлото и на респираторните патишта, воспаленија на разни внатрешни органи, инфекции на гениталните органи, габични инфекции на слузокожата и кожата.

До откривањето на антибиотикот, за сите овие состојби се користело исклучиво жалфија.

Оваа билка се покажала и многу ефикасна кај симптомите на менопауза и нарушувањата на менструалниот циклус, како и кај прочистувањето на црниот дроб од токсини.

Листовите од жалфија уште во минатото се користеле за чистење заби и непца, а денес често се додава екстракт од жалфија во пастите за заби. Жалфијата има широка примена и како зачин во кулинарството. Влијае позитивно врз процесот на варење и правилната функција на жолчката.

Жалфијата се применува и за релаксација, против нервоза, напнатост, анксиозност и вртоглавица. Многу добро се покажала и за намалување на заморот, нервната исцрпеност и ослабениот имунитет.

Жалфијата како антисептик се применува за плакнење на грлото, во случај на воспаление и афти во грлото и устата. Дејствува антимикробно и спазмолитично (ги опушта мускулите). Го намалува зголеменото лачење плунка и го регулира потењето. Жалфијата е природен конзерванс, бидејќи дејствува антимикробно.

Жалфијата надворешно се применува за сопирање крвавење и дезинфекција на рана и чиреви. Бидејќи дејствува спазмолитички, се користи и за инхалација во случај на астма, бронхитис, но и при инфекција на дишните патишта.

Жалфијата најчесто се користи во форма на чај, тинктура, етерско масло, во зависност од проблемот со кој се соочувате и каде е локализиран.

Во секој случај, нејзините лековити својства се широки и моќни, па вреди да се користи и како превенција на сите споменати состојби, бидејќи ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ви ја урамнотежи работата на системите на внатрешните органи.

Нутриционист открива како да го зајакнете имунитетот и дишните патишта: Овој зачин е добар за белите дробови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.