Природен антибиотик: Ги уништува сите инфекции на уринарниот тракт и бубрезите, а нозете не отекуваат повеќе!

Задолжително прочитајте

Ако некогаш сте имале инфекција на уринарниот тракт, тогаш знаете колку е тоа болно и непријатно. Ве тера често да одите во тоалет, а мокрењето станува многу болно

Денес, ви откриваме нешто повеќе за едно одлично природно средство што ќе ви помогне брзо и ефикасно да се ослободите од инфекцијата на уринарниот тракт.

Овој природен антибиотик е многу делотворен и олеснувањето настанува уште по првата тура.

Еве како можете да приготвите природно средство против инфекции на уринарниот тракт.

Состојки:
  • 200 мл маслиново масло
  • 250 г мед
  • 250 г лимон
  • 250 г корен од магдонос
Упатство:

Ситно исечкајте ги коренот од магдонос и лимонот со кората, а потоа сите состојки, вклучувајќи ги медот и маслиновото масло, изматете ги во блендер. Ќе добиете кашеста смеса што треба да ја чувате во стаклена амбалажа во фрижидер.

Напомена:

Добро би било медот да го набавите кај проверен пчелар, а лимонот, секако, би требало да биде непрскан. Доколку лимонот, сепак, го купите од продавница, ставете го да отстои во ладна вода во која сте додале малку сода бикарбона. Потоа, добро измијте го. Коренот од магдонос, исто така, треба да биде добро измиен.

Совет плус: Пијте чај од магдонос.

Магдоносот дејствува како диуретик, а освен што оваа напивка е освежителна, ќе го забрза процесот на оздравување. За да ублажите или спречите уринарна инфекција, треба да пиете чај од магдонос. Земете една лажица корен од магдонос и прелејте ја со 2,5 дл вода.

Варете го 5-6 минути, а потоа поклопете го 10 минути, оставете го да се олади, па потоа, исцедете го. Се пие три пати по 1 шолја.

Исто така, магдоносот е одлично средство против отекување на нозете и е корисен за слабеење.

Напомена: Доколку почувствувате симптоми на уринарна инфекција, задолжително јавете се на лекар. Овој природен лек не е замена за медицински лек.

Оваа домашна мешавина прави чуда: Се приготвува од 4 состојки и ги елиминира уринарните инфекции
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.